Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Работилници во општините во рамките на проектот „Поддршка на ранливите групи на деца во Македонија“- Втората фаза од овој проект е проследен со посета на општините во Македонија. Претставниците од Првата детска амбасада во светот Меѓаши во овие општини спроведоа работилници на кои ги детектираа проблемите со кои се соочуваат и изнаоѓаа соодветни решенија се со цел да им се помогне на овие деца.

Како глобален проблем со кој се соочија сите општини е невклученоста на децата роми во образовниот процес (посебен акцент се ставаше на вклучување на овие деца во предучилишното образовние), недоволен број на згрижувачки семејства, насилството во училиштата и како тоа да се надмине, центри за рехабилитација и згрижување на малолетни децата зависници од опојни дроги и заштита на децата од секаков вид на злоупотреба.