Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Педофил злоставувал шест деца

-Автомеханичар од Чаир на 46 – годишна возраст, и самиот татко на две деца, од кои едното малолетно, сексуално злоставувал шест деца на возраст од 4 до 8 години. Децата ги намамувал така што им давал бонбони и пари за да си купат сладолед.

Откако ќе влегле во неговата работилница им покажувал порнографски списанија и слики и им велел дека може да станат познати и богати модели доколку го прават истото што го гледаат на сликите. Потоа ги допирал децата по интимните делови на телото, а ги наведувал и на орален секс. Пред четири дена, децата им кажале на своите родители за злоупотребата на автомеханичарот, а пота родителите пријавиле и во полиција .

- Со наредба од судот извршен е претрес во гаражата каде се пронајдени видео матеијали кои им ги покажувла на децата, инаку децата биле пет - девојчиња и едно машко, вели Иво Котевски, МВР.

Полицијата дополнително ќе утврдува пред колку време педофилот започнал да ги злоставува децата и дали претходно истото го правел на други или евентуално и на неговите сопствени деца. Настанот го осудија и од Првата детска амбасада во светот Меѓаши, од каде велат дека педофилите не може лесно да се откријат.

- Педофилот најчесто ја искористува детската спонтаност и љубопитност и лесно може да го намами, вели Јана Зенговкса, психолог во Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Затоа според нив, родителите и наставниците во училиштата мора постојано да разговараат со децата и да внимаваат дали кај нив се појавуват промени како депресија, недоверба во возрасните, болки во грбот кои алудираат на сексуално злоставување.

- Сексуална злоупотреба е најтешка форма и затоа тие деца мора да се рехабилитираат и социјализираат, вели Зенговска.

Педофилот, вчера бил изведен пред истражен судија кој му одредил 30 дневен притвор.

ТВ ТЕЛМА 22 јули 2011

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=9676

22.07.2011 Расчистен случај на педофилија

Кривична пријава за “полов напад врз дете“ и “покажување на порнографски материјал на дете“

СВР-Скопје, со кривична пријава, до надлежното ОЈО-Скопје за натамошна постапка, го предаде Љ.П.(46) од Скопје, поради постоење основано сомневање дека во повеќе наврати во текот на 2011 година, врз пет женски и едно машко дете од Скопје, на возраст од четири до осум години, извршил две кривични дела „Полов напад врз дете“ и „Покажување на порнографски материјал на дете“, предвидени и казниви по чл. 188 и чл. 193 од КЗ на РМ.

Кривично правните настани се случувале во повеќе наврати, подолг период од првата половина на 2011 година до 18. VII 2011 год., кога децата има кажале на родителите дека, осомничениот им покажувал порнографски слики и списанија, ги доппирал по интимните делови од телата и ги терал да го допираат по половиот орган.

Осомничениот кој и самиот е родител на две деца, од кое едно малолетно, работел како автомеханичар во гаража, во скопската општина Чаир. Пријавениот, давајќи им бомбони и пари за сладодед на децата, ги намамувал да влезат во гаражата, каде им покажувал порнографски списанија и слики, велејќи им дека ако сакаат да бидат славни и познати модели и да заработуваат многу пари, треба да ги прават истите работи што ги гледаат на сликите. Притоа, искористувајќи ја наивноста и љубопитноста на децата, ги допирал по интимните делови од телата, ги бакнувал и ги терал да го допираат и орално да го задоволуваат исто онака како што гледале по порнографските списанија.

На  18.VII.2011 година, децата им кажале на родителите што се случувало во неговата гаража, по што случајот е пријавен во ПСОН „Бит Пазар“ и во присуство на родителите, полициски службеници по малолетничка деликвенција, стручен тим од Центарот за социјални работи на град Скопје, психолог и социјален работник, земени се изјави од сексуално злоупотребените деца.

Истиот ден со наредба од ОС Скопје I, извршен е претерс на домот на Љ.П., при што на повеќе места во гаражата се пронајдени порнографски материјали, а тој е приведен во службените простории на ПС од ОН „Бит Пазар“, каде прво во целост ги негирал кривичните дела, за потоа да дава конфузни и контрадикторни изјави, по што, по извршено полиграфско тестирање е дојдено до индиции дека изјавите на децата се вистинити.

Од страна на надлежен Истражен судија на осомничениот му е изречена мерка притвор во времетраење од 30 дена

http://www.mvr.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=10310&mid=1367&tabId=358&tabindex=0