Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Очув силувал ќерка и нејзина другарка-08 октомври 2011 15:19

Во полициската станица во скопската населба Гази Баба, вчера мајка на малолетно девојче пријавила дека во средата нејзиниот сопруг извршил силување врз девојчето на кое е очув.Полицијата презема мерки за расчистување на случајот во кој 51-годишникот од Гази Баба е пријавен дека утрото во средата, околу 07,30 часот, во семејната куќа извршил кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

Според пријавата, откако девојчето го однело во училиште нејзиниот полубрат, се вратила дома и легнала да спие во нејзината соба, по што дошол очувот и и’ рекол да стане, бидејќи требало да „завршат работа, а таа знаела која“’. Но откако девојчето не послушало и продолжило да спие, очувот ја разбудил и ја принудил на сексуален однос. Пред околу два месеца, како што е наведено во пријавата, исто така во семејната куќа, во собата на девојчето влегол очувот и и“ рекол да стане за да ја научи како да има односи, но кога таа одбила тој почнал да ја уценува дека нема да и’ дава пари за џепарлак и оти нема да дозволи да се дружи со другарки. Тогаш тој ја повлекол за рака и на сила ја соблекол, ја завртел и имал однос со неа, а за сето време држејќи и’ ја устата прекриена со рака за да не вика и бара помош. На крајот и’ се заканил дека доколку каже на некој „лошо ќе и’ се случи и дека нема да и’ дава пари“.Девојчето плашејќи се, не кажувала никому, иако очувот подолго време ја допирал за гениталиите, а сето тоа се случувало додека мајката не била во домот. Истиот ден, откако претходно бил контактиран од сопругата на сега пријавениот, татко од Крива Паланка во полициската станица во Гази Баба пријавил дека на 30-ти септември, околу 8 часот неговата малолетна ќерка од страна на нејзината другарка била повикана да појдат дома кај нејзиниот очув, сега пријавен за силување, бидејќи тој и’ се заканил да ја донесе другарката за да има со неа сексуален однос. Откако дошле дома, очувот ја заклучил влезната врата од куќата и и’ рекол на ќерката на пријавителот да влезе во собата на нејзината другарка. Откако влегла во собата, ја затворил вратата и’ рекол да ги соблече фармерките, по што насилно ја соблекол, ја завртел, ја легнал на креветот и имал односи со неа, по што и’ се заканил да не кажува на никого.

http://www.youtube.com/watch?v=efRXzmw2r1Q