Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Мониторирање на детските праваДетските права и понатаму загрозени

-ТВ ТЕЛМА, 10 август 2011
 
Кошмарен живот имало деветгодишно дете додека една година живеело со својата мајка. Затворено само дома, гладно, без можност да посетува настава во училиште, било занемарувано и малтретирано од мајката, инаку зависничка од опојни средства која...
Кошмарен живот имало деветгодишно дете додека една година живеело со својата мајка. Затворено само дома, гладно, без можност да посетува настава во училиште, било занемарувано и малтретирано од мајката, инаку зависничка од опојни средства која се однесувала асоцијално и промискуитетно. Гласот на таткото старател и роднините кои барале да го земат детето и да го заштитат не допрел до Центрите за социјална работа, бидејќи тие си ја префрлувале одговорноста, раскажуваат од Првата детска амбасада Меѓаши.

- Центрите не можат да одредат кој е надлежен, детето е родено во Струмица, се наоѓа во Гевгелија, а живее во Скопје. Во тој лавиринт, детето една година е изложено да не оди на училиште и да нема основна храна и да седи со луѓе кои се промискуитетни, девијантни и наштетуваат на неговиот раст и развој. Полицијата не може да дејствува, бидејќи и треба решение од Центарот за социјални работи, а од Центарот велат дека не можат да отидат, бидејќи луѓето таму се насилни и можат да им наштетат, па детето е препуштено само на себе, објаснува Јана Зенговска, психолог во Меѓаши.
Ова е само еден од случаите кои преку бесплатниот СОС телефон биле пријавени во Детската амбасада. Велат дека, барајќи помош од нив, децата најмногу се жалат на семејно насилство и проблеми при развод на родителите. Од Меѓаши советуваат дека надлежните институции особено треба да бидат внимателни при доделувањето на старателство и конктактот со родителите по разводот.
- Децата се дополнително жртви при утврдување на ненавремено старателство, при утврдување на право на видување, неволно секогаш мора да остваруваат право на видување со родител со кој немаат јака емоцинална врска, а се почесто забележуваме дека родителите се пресметуваат на сметка на детето околу старателството и правото на видување, вели основачот на Меѓаши, Драги Змијанац.
Со цел децата да можат во секое време да ги пријават своите проблеми, од Меѓаши побараа финанска помош и поддршка од страна на Владата со што СОС телефонот наместо 12, ќе биде функционален 24 часа и достапен преку сите оператори. Инаку, на СОС телефонот во последните седум месеци се регистрирани 106 случаи, од кои само осум јавувања биле од деца.

http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=9935