Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Меѓународен ден на деца жртви на насилство-Меѓународниот ден на деца жртви на насилство, 4 Jуни, го одбележуваат милиони индивидуалци и организации кои работат на полето на заштита и зачувување на правата на децата. Првата детска амбасада во светот Меѓаши како организација која се грижи за заштита на децата и нивните права потсетува на значењето и целта на овој значаен меѓународен ден, а тоа е да се признае болката која децата ја претрпуваат насекаде низ светот како резултат на физичко, ментално и емоционално злоставување.

Од добиените податоци од работата на СОС телефонот за деца и млади дојдовме до заклучок дека децата ретко имаат храброст да го пријават насилството, тие се исплашени и се чувствуват немоќно.

Во текот на минатата 2010 година на СОС телефонот за деца и млади  0800 12222 имавме 43 пријави за насилство врз децата во домот, 19 случаи на насилство во воспитно-образовни институции и 13 случаи на сексуална злоупотреба. Повеќето од извршителите на делата беа блиски на децата жртви.

Во периодот од јануари до мај 2011 година на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222 имаме пријавено 22 случаи  насилство врз деца. Само двајца од дојавувачите се деца. Децата  кои го пријавија насилството беа видно вознемирени, истрауматизирани, со ниска самодоверба и суицидни идеи. Во 2011 карактеристични се и случаите на сексуална злоупотреба на деца, родосквернавење и педофилија.

Бесплатната правна служба по секоја добиена дојава на СОС телефонот за деца и млади за случаи за кои е потребно да бидат и институционално третирани, со писмени обраќања ги контактира и известува надлежните институции. Во текот на 2010 година, бесплатната правна служба постапуваше со 95 писмени обраќања до соодветните институции и во сите случаи баравме заштита на децата, нивните права и најдобар интерес на детето. Најголемиот дел од писмените обраќања беа упатени до Центрите за социјална работа како и до Народниот Правобранител.

Најчесто децата жртви се плашат да ги пријават своите родители бидејќи нивната иднина  е неизвесна, сметаат дека подобро за нив е да бидат изложени на постојано насилство отколку да бидат жртви на дополнителна институционална  злоупотреба. Карактеристично е дека децата не им веруваат на државните институции во процесот на нивна заштита, обидувајќи се да ја избегнат допонителната трауматизација и виктимизација од страна на институциите, одбираат да молчат. Во таа насока, особено е важно државата и сите кои се грижат за децата да им овозможат да се чувствуват заштитено, разбрано и прифатено од сопствените родители, стрателите и од институциите на системот:

- Родителите, старателите и наставниците неопходно е  да  ги научат децата полесно да ги препознават своите чувства, болки, трауми и да се охрабрат да зборуват за нив. Возрасните кои се грижат за децата исто така треба да се едуцираат со цел навремено да ги препознаат негативните чувста кај децата. Родителите постојано треба да се во комуникација со своите деца, тоа е единствениот начин да знаат што им е потребно и како се чувствуват, со цел подобро да функционираат  да се избегнат сите непријатности и можни злоупотреби и злоставувања.

- Со цел да се намали агресивното и деструктивното однесување потребно е зголемување на јавната свест, едукација за ненасилно решавање на конфликти на родители и на наставниците. Потребно е едукативните програми за мировно образование и ненасилна трансформација на конфликти да бидат вградени како наставни содржини во воспитно образовниот процес.

- Да се потикнува нивната слобода на изразување и креативнота на децата и да им се обезбеди простор  каде ќе можат слободно да играат и да ги развиват своите креативни и личносни капацитети.

- Да се врши поголема контрола на порограмите кои се нудат за децата, стручни служби ( развојни психолози, педагози, социолози) да утврдат дали одредена емисилија е соодветна за деца на одредена возраст. Емисиите со агресивна содржина и играчките за деца кои овозможуваат агресивно однесување да не се потикнуваат. Телевизиите кои емитуваат програми со агресивна содржина да бидат под постојан и строг надзор на Советот за радио дифузија.

Ги повикуваме и ги охрабруваве сите деца кои биле изложени на било каков вид на насилство, злоупотреба, злоставување или се сведоци на истото како и  возрасни кои  можат да помогнат во превенција на насилство слободно да се јават и да го пријават истото до соодветните државни институции или на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 2222. Прикривањето на насилството воедно означува давање на дозвола и охрабрување на насилникот да продолжи со таквото однесување.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши постојано врши мониторинг на работата на државните институции во процесот на заштита на децата и имплементација за Конвенцијата за правата на детето. Во неколу наврати имаме констатирано неефикасност на државните институции, овие наши забелешки ќе бидат вклучени во нашиот извештај за состојбата со правата на децата и ќе го информираме и Комитетот за правата на детето се со намера да се избегне “неможноста” за утврдување на надлежноста на Центрите за социјална работа која го доведува во прашање оптималниот раст и развој на децата жртви на насилство.

Потребно е државата да обезбеди подобра заштита на децата.  Неопходно е синхронизирано дејствување на сите релевантни институции, преземање на обврските и одговорностите предвидени со Уставот и Конвенцијата. За таа цел потребна е подобра соработка меѓу граѓанските организации и институциите на државата задолжени за спроведување на грижата и заштитата за сите деца во Македонија.