Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Господинот Ерван Фуере донираше возило за потребите на Првата детска амбасада во светот Меѓаши

-Првата детска амбасада во светот Меѓаши доби донација на возило од страна на господинот Ерван Фуаре специјален претставник на Европската Унија во Македонија. Ова возило го има користено самиот господин Фуере до крајот на својот мандат, а на 30 септември 2011 со потпишувањето на договор беше донирано и започна да го користи Детската амбасада Меѓаши за реализирање на активностите и предвидените програми. Примопредавањето се случи во просториите на Канцеларијата на господинот Ерван Фуере заедно со овластените претставници од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

            Првата детска амбасада во светот Меѓаши му е благодарна на господинот Фуере за донацијата, бидејќи овозможи олеснително и непречено одвивање на активностите.