Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

Децата сеуште се плашат да пријават малтретирање
-На бесплатниот број 080012222 од 106 јавувања само осум повици биле од деца. Децата молчат и трпат насилство, покажува извештајот на првата детска амбасада „Меѓаши“. Деветгодишно дете се јавилo и пријавилo насилство од двата родители кои редовно пиеле алкохол, а потоа билo тепанo заедно со останатите деца. На бесплатниот број 080012222 од 106 јавувања само осум повици биле од деца.

„Децата немаат храброст да се јават, не знаат дали треба да имаат доверба или не. Најчесто насилството го пријавуваат пријатели, соседи, роднини“ објасни Драги Змијанац, Прва детска амбасада „Меѓаши“.

Децата најмногу страдаат во бракоразводните постапки, најчесто при доделувањето на старателството не се зема предвид мислењето на детето со кој родител сака да живее. Најмладите се во лавиринт, бидејќи социјалните центри имаат долги процедури. Има примери кога поради нерешени спорови малолетни деца живеат со трауми, додека институциите решат за доделување на старателство.

„Мора службите да бидат пофлексибилни во работата и комуникацијата со работа со деца. Мора да се слушне и детето, тоа е доволно исплашено кога ќе отиде во полиција и да раскаже што проживеало“, додаде Jaна Зенговска, психолог.

Телефонската линија 080012222 работи 12 часа, од „Меѓаши“ се надеваат дека институциите ќе ја спроведат препораката од Комитетот за правата на децата институциите да обезбедат соодветни средства за бесплатна 24 часовна линија за помош.

Мирјана Мирчевска Јовановиќ

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=78706