Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41


Децата се незаштитени и постојано изложени на насилство од страна на возрасни лица. Сепак молчат и го прикриваат тоа

-Меѓаши: Децата се плашат да пријават насилство

10.08.2011 - 13:00 | 

Децата се незаштитени и постојано изложени на насилство најчесто од страна на возрасни лица. Сепак молчат и го прикриваат тоа.

Истражувањата на Детската амбасада Меѓаши покажуваат страв кај децата за пријавување на семејно насилство.

Најголемиот број на пријавени случаи во кои биле малтретирани деца се од страна на возрасни лица блиски до семејството.

- Генерален заклучок е дека децата немаат храброст да пријават насилство. Тие се исплашени и се чувствуваат немоќно, и најчесто децата жртви се плашат да ги пријават своите родители како насилници бидејќи се доведува во прашање нивната иднина, сигурност и сметаат дека подобро е да бидат изложени на постојано семејно насилство отколку да бидат жртви на институционална нефункционалност - изјави Драги Змијанац, основач на Меѓаши.

Индикаторите за семејно насилство треба да се откријат во образовните институции, вели Јана Зенговска координатор на сос телефонот при Првата детската амбасада Меѓаши. Според неа тоа би оставило простор за поделотворно дејствување кон овие проблеми.

- Да се биде наставник и професор е одговорна работа и би требало повеќе да се води сметка стручната служба во училиштата да ги детектира проблемите на децата, дали станува збор за семејно насилство, емотивна негрижа и т.н. На таков начин ќе можеме да влијаеме и селективно да делуваме. Би сакала да ги поттикнам сите деца слободно да може да се јават на СОС телефонот             0800 12222       не само да пријават насилство туку да се информираат, да се заштитат и да бидат свои - изјави Јана Зенговска, координатор на СОС телефонот.

Годинава од вкупно 106 пријави само 8 се од страна на малолетни деца. 3 од нив се однесуваат на семејно насилство, 3 за институционална злоупотреба и 2 за проблеми во комуникација.

Антонио Крстевски

Видео прилог

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/%E2%80%9Emegjashi%E2%80%9C-decata-se-plashat-da-prijavat-nasilstvo?quicktabs_3=1