Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.41

17-ти Мај Меѓународен ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот-Меѓународениот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот
 
СОС телефон за деца и млади 0800 12222 при Првата детска амбасада во светот Меѓаши(бесплатна линија за корисниците на T-home) 

По  повод 17 – ти мај – Меѓународниот ден на СОС линиите за помош и поддршка на децата во светот, Првата детска амбасада во светот Меѓаши ја информира јавноста за состојбата на нашиот бесплатен СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 а воедно и потсетува за значењето кое го имаат линиите за помош на деца.

СОС телефон за деца и млади (0800 12222) во рамките на Првата детска амбасада во светот Меѓаши континуирано работи веќе 17 години. 

Од 1993-2010 година се регистрирани вкупно 18 023 случаи. Во 2010 година, СОС телефонот за деца и млади 0800 12222 одговори на 239 повици и бесплатната правна служба интервенираше во 105 случаи. Повиците во 2010 година се однесуваат на проблеми при бракоравводни постапки деца (19,25%), потоа семејно насилство (17,99%), насилсво во воспитно образовни институции (7,95%), сексуална злоупотреба (5,44%), правни совети и информации(5,44%), проблеми во меѓусебна комуникација (5,00%), стручни совети и консулатации за психичката сотојба на децат и малди(4,60%), проституција, питачење, малолетничка деликвенција , проблеми со зависност, здравтвени проблеми, љубовна врска малолетник возарасен( 3,36%), информации за бременот, проблени со докаување на татковство и проблеми со посвојување(3,36%), деца жртви на насилсво од возрасни(2,93%), насилсво на улица меѓуврсници(1,67%), иституционалма злоупотребаА(1,67%), злоупотреба од страна на медиум(1,26%) 

Постојат    повеќе причини зашто децата се јавуваат на СОС бесплатниот број 0800 12222. Децата претставуваат ранлива група во секое општество. Тие се инволвирани во семејните проблеми и зависни од постапките на возрасните, кои пак не секогаш свесно и правилно постапуваат со децата. И затоа линиите за помош на деца им ја даваат можноста на децата да добијат помош и да ги изразат нивните проблеми. Функцијата на СОС телефоните е од огромно значење и важност, бидејќи тие претставуваат значаен механизам на поврзување со децата што овозможува гласот на секое момче и девојче да биде слушнато. Нивната мисија е да одговорат на детските потреби за грижа и заштита. Добро е да се знае дека од помошта/поддршката децата ги дели само еден телефонски повик. 

Оваа   услуга ја овозможуваат многу млади луѓе, студенти и професионалци - психолози, социјални работници, правници и сл. на волонтерска основа. Тие први се соочуваат со апелот за помош. Истовремено, Првата детска амбасада во светот Меѓаши, при интервенцијата на овие случаи, соработува со Народниот Правобранител, а за одредени случаи кога е потребно ја насочува својата интервенција кон полицијата, судовите, Центрите за социјална работа, училиштата и други релевантни институции.

Првата    детска амбасада во светот Меѓаши е дел од меѓународната мрежа Child Helpline International - која ги обединува СОС сервисите за помош на деца од земји ширум целиот свет. Така, на 17 мај заедно го одбележуваме фактот што ниедно дете не е само.

 СОС  бесплатната линија за деца и млади 0 800 1 22 22 нуди услуги кои се од големо значење за помош на децата и заштита на нивните права. Апелираме до претставниците на Владата, локалната самоуправа, телекомуникациските служби и социјално одговорните бизнис партнери финансиски да ги поддржат СОС линиите кои им помагаат на децата.  

 Воедно    упатуваме благодарност до Македонски телекомуникации кои од 2005 година овозможуваат бесплатна линија за сите јавувачи до нашиот СОС телефон за деца и млади.