Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ Е НА ПРВО МЕСТО ВО СПРОВЕДЕНОТО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ВО ИСТРАЖУВАЧКИОТ ИЗВЕШТАЈ„ДОВЕРБАТА ВО МАКЕДОНИЈА“, КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА „ДОВЕРБАТА ВО ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО“ И „ПОЗНАВАЊЕТО И МИСЛЕЊАТА ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ“ Е НА ПРВО МЕСТО ВО ОДНОС НА ДОВЕРБАТА КАЈ ГРАЃАНИТЕ. ЗА ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ ИМААТ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ 53,6%, ГРАЃАНИ ПРИ ШТО ОДНОСОТ ПОЗИТИВНО/НЕГАТИВНО МИСЛЕЊЕ Е 20.3 СПРЕМА 1
  
Извештајот се заснова на наодите од истражувањето спроведено со теренска анкета – интервјуа „лице в лице“ во домаќинствата во декември 2010 година на репрезентативен примерок од 1.300 испитаници од страна на Институтот за социолошки и правно-политички истражувања (ИСППИ). Ова е четврт извештај кој се однесува на довербата (вклучително и во граѓанското општество), првите три беа презентирани во 2006, во 2007 и во 2008 година. Носител на оваа активност за истражувачкиот извештај е Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

            Во истражувањето наменето за "Довербата во граѓанското општество“ и „Познавањето и мислењата за граѓанските организации“ Првата детска амбасада во светот според анкетираните граѓани е на следните позиции:.
 
  (1) прво место во однос на доверба или позитивни наспроти негативни ставови за органзиацијата. За Првата детска амбасада во светот Меѓаши имаат позитивно мислење 53,6%, граѓани при што односот позитивно/негативно мислење е 20.3 спрема 1
 
(2) второ место како пример на најуспешна организација
 
(2) второ место на граѓани кои знаат за Првата детска амбасада во светот Меѓаши 56,2%. Додека 81,4%, од граѓаните во Република Македонија слушнале за МЕЃАШИ
 
Во одредени потсектори е препознаен како:
 
(2) МЕЃАШИ е на второ место  во секторот  Демократија и човекови права.

(4) четврто место во секторот организација во Развој (јакнење)на граѓанско општество

 http://www.childrensembassy.org.mk/?ItemID=FD19436739B66E4F98A117C92290CC36 
 
http://www.mcms.org.mk/images/docs/2011/doverbata-vo-makedonija-2010.pdf