Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40

Одложено протерувањето на децата од Шведска
Гетеборг, 22 март - Протерувањето на двете деца на пет и осумгодишна возраст од шведскиот град Лунд во Македонија, се одложува до понатамошна одлука, според одлуката на шведското Миграциско биро, јави шведската телевизија „СВТ“.Преиспитување на случајот почна откако двајца шведски детски лекари минатата недела протестираа против одлуката деца да бидат протерани сами, без својот родител.„Наведени се нови околоности во врска со овој предмет, кои ние мораме да ги испитаме“, вели Микаел Рибенвик, шеф на правната служба во Миграциското биро. 

Децата, кои според претходните најави требаше да бидат екстрадирани во Македонија во четврток неделава, се сместени во детски дом, а во Шведска престојуваат од 2006 година. Нивната мајка се крие од властите во Шведска, откако на семејството му било одбиено барањето за одобрување азил, а таткото е починат.Шведскиот дневен весник „Сидсвенска дагбладет“ пишува дека случајот добил значаен публицитет и во македонскиот печат, каде се наведува дека „роднините на децата во Македонија одбиле да ги прифатат и да се погрижат за нив“.

„Сидсвенска дагбладет“ пишува исто така дека во македонскиот печат се наведува и дека македонските социјални служби имаат константен контакт со надлежните шведски органи и дека се подготвени да ги прифатат децата и „да направат се што можат за да ги заштитат нивните интереси“. / Журнал МК

http://www.zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=22311113421