Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


Неизвесна судбината на протераните деца од ШведскаДвете деца на возраст од девет и од пет години, по потекло од Македонија, на 24 март оваа година од Шведска ќе бидат депортирани овде  

Прво ќе се сместат во дом за деца без родители, а потоа ќе се испитуваат можностите да се предадат на блиски роднини или на згрижувачко семејство. Ова е конечното решение за случајот, кој стана скандал во Шведска, каде што лекари и адвокати се бунеа малолетниците да бидат вратени во својата матична земја, бидејќи не го знаат матичниот јазик и го говорат само шведскиот. Експертите за социјални работи велат дека треба да се внимава во спроведувањето на овој случај, за да не се повредат правата на детето, како и да не се запечати нивната судбина. 

- Децата се Албанци, имаат родници во Арачиново, но сe уште не е утврдено дека ќе ги прифатат. Одлуката за протерување на децата е на Шведска, а ние само ја спроведуваме. Децата ќе бидат прифатени, а за комуникација со нив ќе обезбедиме и преведувач - објаснуваат од Центарот за социјални работи во Скопје. 

Од првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ ја следат состојбата на децата и бараат да се заштитат нивните права. Оттаму не добиле конкретни информации од Министерството за надворешни работи, како и од народниот правобранител во Шведска и Македонија, со цел да се преиспитаат конкретните причини за депортирање на малолетните деца. 

 

Автор: Р.З.
 
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32211716372&id=9&prilog=0&setIzdanie=22237

Деца од Шведска ќе бидат протерани во Македонија

18.03.2011 - 10:57 | Македонија 
 
Напуштени од европските институции и сопствената мајка. Девет годишната Беса и петгодишниот Бесијан Арифи од петгодишен сон за живот во Европа ќе се разбудат во еден од македонските домови.
  
Од шведскиот град Лунд, на 24 ти март ќе бидат депортирани во Македонија.

Таткото на малолетниците е починат, а на нивната мајка по неколку неуспешни обиди да добие престој во земјата, и се губи трагата.
 
МНР информира дека мајката на децата прв пат аплицирала за престој во Шведска дури кон крајот на 2009 - тата година.
 

Од првата детска амбасада во светот Меѓаши пак, велат, знаат за случајот, ќе го следат и доколку има прекршувања на правата соодветно ќе реагираат.
 

Она што е уште поапсурдно, децата кои не го знаат македонскиот јазик не ги прифаќаат ниту нивните најблиски роднини кои живеат во скопско Арачиново, од каде што потекнуваат.
 
Овој случај крена голема прашина и во Шведска.
 
Поради најавеното протерување, двајца шведски лекари упатиле протест до генералниот директор на шведското Миграциско биро. Лекарите кои биле едни од оние кои имале најдолго искуство со вакви случаи, изјавиле дека никогаш не виделе нешто слично. На иницијативата за нивното протерување, реагирал и адвокатот на децата.
 
Од шведското миграциско биро пак, не сакаат да коментираат одделни предмети но сепак велат дека нема да дозволат децата да патуваат сами без да бидат сигурни дека децата ќе бидат прифатени откако ќе пристигнат дома.
 
Елена Бошковска