Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.40


Ивана Иванова - Mоето искуство со СОС-бесплатната линија за деца и млади

Благодарна сум што ми се даде прилика да волонтирам овде во Првата детска амбасада во светот Меѓаши и тоа баш по мојот избор, а тоа беше на СОС-бесплатниот телефон за деца и млади. Уште од самиот почеток со доверба ми беа доверени одговорни работи за да ги завршам, тоа е многу поттикнувачки момент за млад, неискусен штотуку дипломиран педагог како мене, кој има амбиција и ентузијазам да научи, да се стекне со работни вештини и искуство, но се уште е неискусен во својата работа. 



Ми  се допаѓа тоа што постои голема флексибилност меѓу вработените во ДЕТСКАТА АМБАСАДА МЕЃАШИ, иако секој си има свој дел во својата работа, постои кохезивност во целокупната работна дејност. Мене како волонтер тоа многу ми помогна во вклопувањето во дејноста на оваа организација.

Луѓето   со кои работам на СОС-телефонот се многу позитивни, достапни за сите нејаснотии со кои јас се соочувам, вистински топли говорници за сите оние кои се јавуваат на овие телефони. Се чувствува дека оваа работа ја работат со љубов и со мерак. Можам и многу учам од нив.

Благодарна  сум што за толку кратко време се вклопив во оваа нова средина, што ми се даде и шанса да одговорам на наредните повици на СОС-телефонот како волонтер во Првата детска амбасада во светот Меѓаши, односно што и мене ми е доверена толку одговорна работа.

Ивана Иванова -  волонтер во Првата детска амбасада во светот