Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39


Во Велес притворен таткото монструм26/08/2010 15:44:00 

 

Секторот за внатрешни работи во Велес поднесе кривична пријава против 41 -годишниот маж од Велес, кој минатата ноќ беше притворен под обвинение за сторен инцест со своите три ќерки на возраст од 3, 5 и 7 години. Таткото во моментов е во притвор. Информативниот разговор, според полицијата, траел и во текот на ноќта. Тој е обвинет дека долго време ги силувал своите три малолетни ќерки. Од Министерството за внатрешни работи во Велес, рекоа дека 41 -годишниот маж негирал дека го извршил ова грозоморно дело. Но, од полицијата велат после лекарските анализи во Градската болница утврдиле дека трите малолетни ќерки биле силувани со години и сега имаат психички проблеми и длабоки трауми.  


Граѓаните на Велес денес се шокирани.
Веднаш по изјавата дадена во полицијата од седум годишната ќерка, се дозна дека таткото монструм ги силувал со години, само што таа не знаела што се случува. Се верува дека овој настан е најскандалозен и најгрозоморен кој се случил во Македонија, а што се поврзува со инцест и со педофилија.“
 
Од првата Детската амбасада во светот „Меѓаши“ велат дека освен таткото монструм треба да биде казнета и мајката на трите деца, бидејќи на извесен начин е вклучена во сексуалната злоупотреба и дека не е можно ниту таа, ниту Центарот за социјална работа во Велес да не ја забележале сексуалната злоупотреба на децата и тоа цели седум години.

Во светот покрај затворската казна, на педофилите им се врши кастрација или се следени со помош на локатори.

Валмир Куќи

http://alsat.mk/vesti/zemja/1152504.html