Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39


Предмет: АПЕЛ ЗА ПОМОШНашиот син Александар Ицковски роден на 27.04.2009 боледува од Retinopatio neonatorum – Albatio zetinae на двете очи како последица од кислородот во инкубаторите. Досега во Институтот во Белград му се извршени 3 ласерски третмани, за жал неуспешни. Дополнително бевме испратени во Антверп, Белгија каде до сега му се извршени 3 операции до Јули мецец 2010 и многу контроли.

До сега ние како родители се боревме заедно со сите хумани луѓе, институции и операторите T-Mobile и VIP кој ни излегоа во пресрет во нашето досегашно лекување. Средствата  за сите потреби – лекувањето, сместувањето и превоз, повеќето сами мора да ги покриеме бидејќи фондот не го признава сместувањето, а имаме и многу проблеми со 20%-те учество.

Ние, сопругот невработен скоро 5 години како технолошки вишок од АД Скопје Ладна Валавница  и јас, како мајка која негува дете со минимални примања, не сме во можност сами да ги сносиме сите трошоци и затоа ве молиме како хумани луѓе со својот прилог да ни излезат во пресрет за понатамошното лекување. Имаме проблеми со неподмирени долгови во фондот кои се скоро 90.000 ден., а не очекува и повторно одење во Белгија на лекување. Лечењето на оваа болест е подолготрајно, а нашето здравство не е стручно подготвено за овој вид на лекување. Ние се надеваме дека и нашиот син, на кого едното око му е 100% оштетено, а другото во фаза на лекување, еден ден ќе ја види светлината како сите нас. Приморани сме да ги замолиме сите хумани луѓе со свој прилог да помогнат за лекувањето на нашиот син Александар во рамките на нивните можности со уплата на жиро сметката бр.290-5000020511-88 при ТТК Банка АД Скопје.

Им благодариме на сите за укажаната помош за лекувањето на нашиот син Александар.

- ДОНАЦИИ-

(070) 143 – 144

T-mobile
 
Фамилија Ицковски

Борис и Виолета

078/308-877

02/2575-445