Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.39


Каси

Во периодот од јули до јануари во касичките за донации од страна на граѓаните што Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ги постави низ цела Македонија, граѓаните дарувале вкупно 73.707,00 денари. Во овој период  полните касички беа заменети со нови на следниве локации: Тинекс ( Хром, Првомајска, Охрид, Центар, Чаир, Карпош 4 ) вкупно 30.576,00 денари, Рамстор 24.552,00 денари, Тедико Лисиче 770,00 денари, Вила св. Софија Охрид 468,00 денари, Стопанска Банка Дебар 8.070,00 денари, Певец Гостивар 4.285,00 денари, Техномаркет Стадион 2.117,00 денари и Нептуна ( Стадион и Рамстор) 2.869,00 денари. Во текот на броењето и отварањето на касичките во комисијата присуствуваа следниве: Христина Георгиевска Змијанац , Петре Близнаковски , Слободанка Богоевска, Марија Момчиловска, Елена Генџовска.

Им благодариме на граѓаните што со секоја нивна донација во касичките, ја покажаа нивната желба да ја поддржат работата на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.