Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА ПЕДОФИЛИЈА ВО СТРУМИЦА Цела година ја силувал 13-годишната внукаСтрумичанецот Ѓ.Н. речиси цела година ја силувал својата малолетна внука, која ја намамувал во својата соба, во истата куќа во која живееле и нејзините родители. Четириесетгодишниот чичко, прв братучед на таткото на 13-годишното девојче, од средината на мај лани, па до крајот на април годинава, секојдневно или преку еден ден имал сексуални односи со девојчето.


Тинејџерката молчела цела година од страв затоа што чичко и по завршувањето на сексуалниот чин и велел да не кажува никому што прават и и се заканувал дека ако се дознае нивната тајна ќе ја убиел неа, нејзините родители, а потоа ќе си пресудел и себеси. На почетокот поретко, а потоа се почесто, преку еден ден, но и секојдневно, педофилот го повикувал девојчето кај себе и имал сексуални односи со него. Таквата состојба почнала да се одразува и на учењето на тинејџерката, која била одлична ученичка. Нејзината мајка почнала да се сомнева во нејзиното однесување и завчера, во попладневните часови, откако дошла од работа и забележала дека ќерка и ја нема, почнала да ги довикува, а претпоставувајќи дека е во собата кај потстанарот, со кого живееле во иста куќа, почнала да го довикува и него. По кратко време девојчето излегло од собата на чичко му и кога мајката остро реагирала, девојчето и раскажало што се му се случувало последната година. Случајот в полиција го пријавила мајката, а девојчето било однесено на гинеколошки преглед, каде што било утврдено дека, навистина, било сексуално малтретирано. Струмичката полиција вчера поднесе кривична пријава за осомничениот силувач и педофил Ѓ.Н. за полов напад врз 13-годишно девојче. По последниот случај, кога во Прилеп очувот ја силувал посвоената ќерка, реагираше Првата детска амбасада „Меѓаши“, според која се почестите случаи на педофилија покажуваат дека состојбата е алармантна и застрашувачка.
- Загрижува фактот дека секоја недела добиваме пријави за случаи на педофилија и на родосквернавење. Возрасните, родителите и државните институции покажуваат нефункционалност во својата грижа. Кој ќе ги заштити децата ако тие што треба да ги заштитат, најблиските, се тие што ги силуваат и злоупотребуваат. Се прашувам дали наставниците, педагозите и психолозите ја заборавиле улогата на воспитувачи - вели Драги Змијанац, извршен директор на „Меѓаши“. Змијанац и тогаш одговорноста ја побара и од Центрите за социјална работа, кои треба навреме да им го одземат родителското право на родителите што се силувачи или на родителите што ги злоупотребуваат децата. Од „Меѓаши“ истакнаа дека државата мора да се мобилизира и да ја прими пораката дека не се сите родители по автоматизам и одговорни родители.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=20&tabid=1&EditionID=1695&ArticleID=113135

Време, број 1663, 06.05.2009