Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


Татко две години си ја силувал ќерката Скопјанецот Мухамед А. цели две години сексуално ја злоупотребувал својата 17-годишна ќерка, која живеела со него откако се развел од сопругата. Силуваното девојче повеќе не можело да ја издржи тортурата, па и се пожалило на својата мајка С.А., која случајот веднаш го пријавила в полиција.


Триесет и седумгодишниот Мухамед цело време додека ја силувал ќерката живеел заедно со неа во куќата во Маџари. Тој претходно бил во брак со една година постарата С.А., со која ја имале заедничката ќерка. Откако решиле да се разведат, ќерката останала да живее со таткото, кој последните две години сексуално се изживувал врз неа. - Завчера полицијата поднесе кривична пријава за родосквернавење за таткото, кој, според исказите на неговата поранешна сопруга, ја силувал сопствената ќерка - информираат од секторот за односи со јавност во МВР.
Првата детска амбасада “Меѓаши“ целосно го осуди однесувањето на таткото.
- Ова е пример на долг молк и насилство, кој оваа девојка го трпела две години. Силувачот, најчесто, му се заканува на детето, само за да го принуди да не го пријави злосторството. Родосквернавењето е најтешка траума што може да му се случи на едно дете, кое место да добие поддршка и заштита од најблиските, тоа е малтретирано и силувано, ни рече Драги Змијанац, извршен директор на “Меѓаши“.
Од Детската амбасада се залагаат за отворање прифатилиште во кое веднаш ќе бидат згрижени и засолнети децата што се жртви на сексуално малтретирање и родосквернавење.
- Се додека полицијата не го приведе насилникот, детето треба да биде отстрането од домот за да ги избегне траумите и натамошните малтретирања, поради што мора да биде згрижено во прифатилиштето. Центарот за социјални работи, пак, ќе треба да оцени дали детето ќе се врати кај вториот родител, ќе му одредат старател или ќе го сместат во некоја институција - објаснува Змијанац. Според него, предлогот за нов прифатен центар е веќе одобрен од Министерството за труд и социјална политика, а се очекува уште да се додели буџет со кој ќе се финансира. - Центарот за социјални работи треба да има поголем увид во нефункционалните семејства, па во такви случаи ќе може и превентивно да го одземе родителското право на неодговорните родители и на тие што ги малтретираат своите деца “заклучи Змијанац.

Време, број 1628, 27.03.2009
 
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1659&ArticleID=110507