Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35

Собрани 310 илјади денари во Фондот за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба4. Март, 2009

Во период од три месеци, повеќе од 2000 граѓани и 60 претпријатија донираа 310.000 денари во Фондот за поддршка на деца и млади - жртви на сексуална злоупотреба. Фондот е наменет за директна помош за жртвите на сексуална злоупореба, индивидуални психотерапии, правна помош, едукација и др.
 
Печати
 
Во текот на три месечната кампања (септември- декември 2008), преку организирање на низа активности за мобилизирање на средства од локалната заедница (хуманитарен Телетон “Сонувај мирно”, поставување на Штанд за донирање во ТЦ Рамстор, директни писма до компаниите и др.) и со голема поддршка на бизнис секторот, медиумите и македонската естрада, Центарот за институционален развој-ЦИРа и Амбасадата Меѓаши генерираа средства во Фондот, кои се наменети за психосоцијална работа со жртвите (индивидуална терапија), обезбедување на правна помош на жртвите, поддршка на активности утврдени врз основа на специфичните потреби на жртвите на сексуална злоупотреба и активности за информирање и едукација на младите за спречување на нивна манипулација од страна на сексуалните злоставувачи.

Од вкупно 310.000 денари, собрани во Фондот, 60% ќе бидадт доделени на жртвите, додека останатите 40% се наменети за финансиска поддршка на граѓанско прганизации кои ќе спроведуваат активности за информирање и едукација на младите за спречување на нивна манипулација од страна на сексуалните злоставувачи.

Одлуката за распределба насредствата од Фондот ќе биде донесена од независна седум члена Комисија составена од јавни личности, претставници од државни институции, бизнис секторот, како и здруженија на граѓани.