Остварени средби
На барање на Првата детска амбасада "Меѓаши", претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, г. Сафет Незири и членовите на комисијата Наташа Јаневска и Маринела Тушева, на 22 април 2009 година имаа средба со ученици од повеќе градови во државата. Средбата се организираше по повод Светската кампања за вклучување на сите деца во образованието, а се потпиша и гаранција за парламентарна поддршка и заложби за вклучување на деца, без исклучок, во образовниот систем. Средбата се одржа во 13,30 часот, во Салата "Борис Трајковски", во зградата на Собранието на Република Македонија.
Истиот ден децата остварија средба и со г-дин Перо Стојановски министерот за образование и наука. На оваа средба децата имаа можност да поразговараат со Министерот за значајноста на образованието, како и да му поставуваат прашања за тоа што тој како Министер може да направи и ќе направи за сите деца кои не одат на училиште. Децата побараа од Министерот да објасни што тој до сега има направено во однос на залагањата за кои веќе ја има потпишано гаранцијата да се оствари правото на секое дете да оди на училиште. Види прилог гаранција.
|