ОСНОВАН СОЈУЗОТ - МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДИСКРИМИНАЦИЈА Согледувајќи ја потребата од поефикасно дејствување во борбата против дискриминацијата, сојузот Македонија без дискриминација каде Детската амбасада Меѓаши е активна членка, по 1 годишно неформално работење одлучи да го формализира своето постоење. Основачкото собрание беше одржано на 16.06.2009 година во Скопје. Основачи на сојузот се Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар; Ел Хилал, од Скопје; Македонски центар за женски права - Шелтер центар од Скопје; Македонски центар за меѓународна соработка од Скопје; Национален совет на жени на Македонија - СОЖМ од Скопје; Полио Плус-движење против хендикеп од Скопје; Прва детска амбасада на светот Меѓаши од Скопје; Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите “Месечина” од Гостивар; ХОПС – опции за здрав живот Скопје од Скопје; Центар за човекови права и разрешување на конфликти од Скопје; „Универзитет“ Трето доба од Скопје. Повеќе информации на http://www.equal.org.mk/MK/Koalicija.html
|