Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


Обвинителството седи мадро Spic, 18.3.2009

Петре РИСТОВСКИ

За случајот со двете девојчиња кои три месеци биле силувани од татко им и од негов пријател, Јавното обвинителство треба да покрене процес за кривична одговорност од Центарот за социјални работи.
Со таков став е поранешен јавен обвинител, додека од скопското обвинителство велат дека нема да преземаат никакви чекори против Социјалното, кое самото треба да преземе мерки.
- Треба да се анализира случајот, но во секој случај јавното обвинителство треба да покрене постапка против Социјалното, за која самото ќе реши по која основа ќе ја води - смета поранешниот јавен обвинител, Стеван Павлески.
Во Основното јавно обвинителство Скопје, вчера ни рекоа дека нема да преземат ништо во врска со овој случај и дека единствено Социјалното треба да ги преземе потребните чекори.
Министерството за труд и социјална политика, пак, најави дека е покрената постапка за одземање на старателството на таткото-педофил, но од првата детска амбасада „Меѓаши“ се со став дека тоа требало да се направи многу порано, кога му било дадено старателско право на човек со такво минато.
Од Центарот за социјални работи, под чија надлежност е интернатот во кој девојчињата го поминувале најголемиот период од времето, се со истиот став дека центарот не можел да знае кои се родителите, кои поради недоволни финансии ги оставиле децата во интернатот за да го продолжат школувањето. Тие не забележале кај децата никакви проблеми во однесувањето, а не знаеле и дека таткото е алкохоличар, кој ја терал неговата жена да се проституира и да собира храна по контејнери.

Силувањето создава самотници

 

Детето кое е жртва на педофилија доживува трауматска реакција проследена со вознемиреност и страв, но доколку тоа е злоупотребено од близок роднина или пријател, тогаш кај него се создава став на недоверба кон луѓето, ниско ниво на самодоверба како и намален капацитет за учење и регресија во учењето, тврдат психолозите и психијатрите.
Според нив, овие последици се основа за пречки во развојот во однос на сфаќањето и помнењето, слаба контрола на емоциите и депресивни нарушувања, а речиси секогаш тие деца во животот имаат проблеми во сексуалниот живот.

http://www.spic.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=13&tabid=1&EditionID=802&ArticleID=31381