ОБУКА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ НА ТЕМА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ КОГА ЖРТВИ НА СЕКСУАЛНО НАСИЛСТВО СЕ ДЕЦА М-р Драги Змијанац преку Академијата за обука на судии и јавни обвинители одржа обуки на тема: „Застапување кога децата се жртви на сексуална злоупотреба и лобирање за построго казнување на педофилите„ и „ СТУДИЈА НА СЛУЧАИ ПРИЈАВЕНИ НА СОС ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ (0800 1 2222 – БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА) И БЕСПЛАТНАТА ПРАВНА СЛУЖБА ПРИ ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ - МЕЃАШИ – кога детет жртва ја менува изјавата и кога останува на првичната изјава со поддршка од најблиските„ .
Дискусии/прашања и одговори
Имаше дискусии за судиите и одговорните лица кои стапуваат во контакт со детето жртва на насилство да бидат максимално внимателни кон детето. Изјавата која детето ја дава да биде еднаш дадена и во релаксирана атмосфера во присуство на судија, психолог, педагог и лице од центарот за социјална работа; никако соочување со силувачот. Судиите бараа Детската амбасада Меѓаши да ги поддржи во напорите сите основни судови да имаат специјални скрин соби за интервју со детето светог или жртва. Со дополни во КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК казните за педофилите се зголемени.
Заклучоци за обуката
Борбата против педофилијата бара тимски и мултидисциплинарен приод, преку соработка на граѓанските организации и државните институции, особено Центрите за социјална работа, судството, Народниот правобранител, Полицијата и училиштата. Тоа подразбира синхронизирано и заедничко превентивно дејствување на сите фактори кои имаат удел во воспитувањето и грижата за децата како семејството, институциите на државата, граѓанските организации.
|
|