Глобална кампања за едукација - Кралицата Ранија почесна претседателтка за 2009
Ни претставува особено задоволство да Ве известиме дека и оваа година се одржа Глобалната кампања за вклучување на децата во образование. Кампањата е меѓународна и на светско ниво е координирана од старана на Global March Against Child Labour. На национално ниво кампањата ја координира и ја организира Првата детска амбасада во светот- Меѓаши. Во нашата држава секојдневно се среќаваме со деца, кои на различни начини се лишени од нивното основно право: право на образование. Главна цел на оваа кампања е вклучување на сите деца во образование и овозможување писменост за сите.
За време на еднонеделната кампања која траеше од 20 до 26 април 2009 година беа организирани неколку настани. На 22 април во училиштата низ целиот свет се одржа ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ, кога децата посветија еден училишен час на читање на приказни и дискутираа за значајноста на образованието. Главниот настан на ГОЛЕМОТО ЧИТАЊЕ се одржа на 22 април на Градскиот плоштад во Скопје и на јавни локации во останатите општини во Македонија.
На тој ден многу ученици, наставници, родители, ликални јавни личности и многу други, земаа учество во читањето на приказните од ГОЛЕМАТА КНИГА, како и на сопствените приказни за значајноста и моќта на образованието. ГОЛЕМАТА КНИГА е создадена преку собирање на неверојатни животни приказни раскжани од некои од највлијателните личности во светот, кои зборуваат за значајноста на образованието и за тоа како образованието може да го промени светот. оваа година своите приказни со целиот свет ги споделија: Нелсон Мандела, Кралицата Раниа од Јордан (која е овогодинешна Почесна претставничка на Глобалната кампања за образование- неделата на акција), Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс, Пауло Коелјо, како и национални и интернационални јавни личности во Македонија, меѓу кои се поканети Симон Трпчевски, Влатко Стефановски, Нора Шаќири, Жан Митрев, Маргарита Цаца Николовска, Евро Амбасадорот Ервен Фуере, Амбасадорката на Кралството на Холандија Симоне Филипини, и многу други.
Подржувачи на глобалната кампања за едукација
"Големото читање" утре во Куманово
Правата на децата
Во Кичево обележана светска недела за образование на секое дете |