Јавни личности поддржувачи Секоја година Глобалната кампања за Едукација добива поддршка од голем број на индивидуалци и организации од целиот свет, во продолжение се само некои од многуте кои ја дадоа својата поддршка.
Добитничката на Греми наградата Shakira беше почесен организатор на Неделата на Глобална Акција 2008. Таа лобираше за Едукација до Премиерот на Велика Британија, Гордон Браун и Претседателот на Светската Банка, Роберт Зелик. Таа исто така ги здружи сите млади поддржувачи на Глобалната Кампања за Едукацијата од цела Америка да лобираат до членовите на конгресот на Америка за двопартиско прифаќање на актот од 2007, Едукација на сите.
"Јас го наоѓам доста инспиративно фактот дека толку млади луѓе кои се грижат толку длабоко за правото на сите деца да одат на училиште и тоа го спроведуваат во рамките на едно глобално движење."
Graca Machel, е долгогодишен поддржувач на Глобалната Кампања за Едукација, активист за човекови права и жена на Нелсон Мендела. Во 2007 таа организираше донаторски состанок во името на Глобалната Кампања за Едукација.
"Министри и Комисионери, во 2002 се сретнавме во Дакар и им ветивме на децата од целиот свет дека ние ќе направиме се што е можно за да им обезбедиме едукација. Ние отидовме дури и подалеку, кажувајќи дека секогаш кога некоја од земјите во развој ќе има план, ресурсите нема да бидат проблем...Сега во 2007 не ни требаат повеќе ветувања и зборови. Што ни е потребно сега е да ги канализираме потребните ресурси за да го промовираме едуцирањето на секое дете во светот, како во земјите во развој така и во рзвиените земји. Сите ја знаеме моќта на едукацијата да овозможи вистински почеток во животот и развој на целосниот потенцијал на секое човечко битие, да се бори против сиромаштијата, да се бори портив болестите, да се бори против незнаењето и да се бори против СИДАта.."
Во 2006 , Анџелина Џоли, беше почесен организатор на Глобалната Кампања за Едукација во Америка и ја триумфираше каузата за Намибија во поодмината фаза на својата бременост:
"Како родител, сакам моите деца да бидат едуцирани од страна на големи учители, сите деца ја заслужуваат таа шанса во својот живот. Јас ја поддржувам акцијата на Глобалната Кампања за Едукација дека “Сите деца имаат потреба од Учител”. Тоа е најмалку што можеме да сториме за нив – да им овозможиме учители."
На 10 Април 2006, Нелсон Мендела, уште еден долгодишен поддржувач на Глобалната Кампања за Едукација, се сретна со младите поддржувачи на кампањата и им порача:
"Деца од целиот свет, сега е времето кога вашата генерација треба да се здружи. Заедно вие можете да бидете генерацијата која ќе овозможи секое дете да добие едукација, што е и негово основно право. Светските лидери го ветија тоа и вие треба да се погрижите да го остварат тоа, така што ќе се здружите и ќе зборувате со еден глас. Вие сте иднината на овој свет и можете да го промените на подобро. Вие можете да се погрижите лидерите да ги остварат своите ветувања.."
Во 2007, кога исполнувањето на целите на Глобалната Кампања за Едукација беше на половина пат, Кралицата Ранија го додаде својот глас на Глобалната Кампања за Едукација и ги повика сите Влади да обезбедат квалитетна едукација во своите земји за сите и да обезбедат со сигурност дека и девојчињата исто така одат на училиште.
"Едукација за Сите не е предлог, тоа е глобален императив. Ние им го должиме тоа на сите девојчиња и момчиња кои чекаат да ја исполнат својата кауза."
Хилари Клинтон се сретна со поддржувачите на Глобалната Кампања за Едукација во 2005 кога и беше предаден исечок од весник со пораки од нивните другарчиња барајќи “Пратете го моето другарче во Школо” и во 2004 година таа зема учество во Неделата на Глобалната Акција “Големо лобирање”.
"Поддржувањето на Едукацијата не е само најдобра работа што можеш да ја направиш, тоа е и најпаметната работа која можеш да ја направиш."
Во 2000 Генералниот Секретар на Кофи Анан испрати моќна порака за поддршка и охрабрување на Глобалната кампања за Едукација:
"Поединечни НВО дадоа значаен допринос кон едукацијата во многу земји, и сега се приклучија на Глобалната кампања за Едукација. Денес и порачувам на НВО заедницата: ние не може да победиме во битката...без вашата експертиза, енергија и капацитет за акција."
Кимани Нганга за прв пат отиде на училиште на 84 години, кога трошоците за образование конечно беа намалени во Кенија, станувајќи најстариот светски студент. Во 2005 тој направи друг важен чекор, овојпат на ОН Милениум + 5 Самити во Њујорк, каде тој ја поддржа Глобалната кампања за Едукација и ја испрати својата порака до ОН дека секоја личност треба да биде едуцирана.
"За мене, слободата значи едукација...Вие не сте никогаш премногу стари за да учите."
На денот на слободата на Јужна Африка во 2006, популарниот кваито артист и активист за човекови права, Зола ја праша Владата што ќе прави во однос на училиштата.
"Ако Владата може да ги изгради вашите затвори, зошто не може да изгради едно основно училиште и да обезбеди добра компензација за учителите, затоа што ако не го направат тоа, децата ќе завршат во затвор."
|
|