Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


ТРЕНИНЗИ ЗА НОВИНАРИ ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО СО АКЦЕНТ НА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА И ПЕДОФИЛИЈА 
Во периодот од 26 до 28 Јуни и од 1 до 3 Јули 2009 Детската амбасада Меѓаши одржа два основни тренинзи од областа на правата на детето со посебен акцент на сексуалната злоупотреба и педофилијата.
 
На 30та седница на Владата на Република Македонија на 18.11.2008. беше усвоен  АКЦИОНЕН ПЛАН ЗА ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО СЕКСУАЛНА ЗЛОУПОТРЕБА НА ДЕЦА И ПЕДОФИЛИЈА 2009-2012 година. Првата детска амбасада во светот – Меѓаши беше повикана да земе учество во дел од подготовките на истиот, како и да подготви тренинг за новинарите. Во Акциониот план се утврдени повеќе насоки и приоритети меѓу кои и следнава "оbuki na pretstavnici na mediumite so cel nivno zapoznavawe so problemot со seksualna zloupotreba na deca i posoodvetno prezentirawe na  slu~aite  preku sredstvata za javno informirawe." 
 
На тренинзите учествуваа вкупно 33 новинари и 3 претставници на Министерството за труд и социјална политика.
 
Тренинзите беа финансиски поддржани од страна на Минситерството за труд и социјална политика на Република Македонија..

  
Нашата намера беше на новинарите кои известуваат за случаи на сексуална злоупотреба на деца да им понудиме простор каде ќе можат да ги разменат искуствата, потешкотиите со кои се соочуваат при известувањето за овој тип на случаи, дилемите, прашањата, пристапите кои ги имаат различните медиуми и колку се тие моќно средство во борбата против педофилијата незаобиколувајќи го прашањето и за важноста од почитувањето на интегритетот и идентитетот на детето жртва, како и презумпцијата на невиност во однос на осомничениот/ата. 
 
Една од најзначајните компоненти на тренинзите беше заедничкото креирање на предлог КОДЕКС за новинарите при известување за насилство врз децата како една од формите за заштита на децата. Задоволни сме што добивме два предлог Кодекси кои ќе ги споиме во еден и потоа преку негова  доработка од страна на новинарите, веруваме дека ќе биде донесен Кодекс кој ќе биде почитуван од страна на медиумите при известување во случаи на сексуална злоупотреба на деца. 
 
Тренингот се одвиваше низ интерактивни работилници, преку пленарна, групна и и индивидуална работа. 

Обучувачи беа М-р Драги Змијанац и Гордана Пирковска Змијанац.