Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


Градење култура на детско учество
Првата детска амбасада во светот – Меѓаши на 23 Декември 2008 година, започна со спроведување на проектот „Градење култура на детско учество“, финансиран од Европската Комисија, како дел од програмата за европски инструмент за демократија и човечки права – (ЕIDHR) и кофинансиран од UNICEF.

Отсуство на механизми на слушање на гласот на децата на национално ниво е причина зошто нивниот глас не се слуша, зошто децата активно не се вклучени во создавање и креирање промени. Проектот Градење култура на детско учество претставува важен чекор кон постигнување на оваа цел. 

Со активностите предвидени во овој проект Детската амбасада им овозможува на децата да учествуваат во креирањето на општествените прашања од различни области, а се однесуваат на правата на детето.

Во текот на овој проект ќе се изготви Алтернативен извештај за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија кој е планирано да биде презентиран пред Комитетот за правата на детето на Обединети нации во Женева, на Предсесијата, во февруари 2010 година.

Времетраењето на  проектот е 15 месеци.

Со проектот раководи Татјана Јаневска.

ПРВ ОСНОВЕН ТРЕНИНГ ЗА ДЕЦА

Првиот Основен тренинг за децата на тема Детските права и мониторинг на детските права, се одржa во периодот од 06 до 08 Март, 2009 година во Хотел Цар Самоил, бања Банско, а домаќин на тренингот беше ГО  Центар за одржлив развој Порта од Струмица.

На тренингот учествуваа 26 деца, на возраст од 9 до 18 години, од ЦГИ –Прилеп, Антико – Кичево, Љоја – Тетово, Порта – Струмица, СППМД – Кавадарци и од Детската амбасада Меѓаши – Скопје.

Тренери беа: Гордана Пирковска Змијанац и Драги Змијанац

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ ГРАДЕЊЕ КУЛТУРА НА ДЕТСКО УЧЕСТВО
 
Владата на Република Македонија се уште го нема усвоено детското учество како регуларна политика во донесувањето на одлуки во областа на детските права. Отсуство на механизми на слушање на гласот на децата на национално ниво е причина зошто нивниот глас не се слуша, зошто децата активно не се вклучени во создавање и креирање промени.

Проектот Градење култура на детско учество претставува важен чекор кон постигнување на оваа цел.

            За таа цел создадовме мрежа од 7 Граѓански организации, кои оформија групи од 10 до 12 деца, на возраст од 9 до 18 години, кои пак, се вклучени во процесот на истражувањето на детските права во Македонија.

Во мрежата од седум граѓански организации спаѓаат: Хуманитарно здружение Мајка од Куманово; Центар за балканска соработка Љоја од Тетово; Совет за превентива на малолетничка деликвенција од Кавадарци; Женска граѓанска иницијатива Антико од Кичево; Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Центар за одржлив развој Порта од Струмица и Прва Детска амбасада во светот Меѓаши, како носител на проектот.

Во спроведувањето на проектот предвидени се повеќе активности, меѓу кои се:

O                  Основање на неформална мрежа на ГО-и за мониторинг на детските права;

O                  Тренинзи и работилници наменети за деца и граѓански организации;

O                  Извештај од сенка/Студија за ситуацијата на детските права во Македонија/Алтернативен извештај. Република Македонија го има испратено Државниот извештај за детските права до Комитетот за правата  на детето во Женева при ООН.  Граѓанските организации треба да испратат Извештај од сенка и тој ќе биде подготвен во рамките на овој проект.  Она што е ново е дека извештајот ќе содржи исто така извештај изготвен од децата кој ќе биде презентиран пред Комитетот за правата на детето. Децата се активни учесници во подготовката и спроведувањето на истражувањето и анализите со поддршка на возрасните членови;

O                  Прва конференција во Република Македонија на тема детско учество. Конференцијата ќе биде подготвена од децата и за децата - со учество на 100 деца. Завршниот документ од Конференцијата ќе биде испратен до медиумите, владата, министерствата и другите релевантни институции во државата;

O                  Медиумите и јавноста се континуирано информирани за сите важни аспекти и настани од овој проект. Нивниот продонес во имплементацијата на детските права и детското учество се секогаш добредојдени.