Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35

"Големото читање" во КумановоВо организација на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и Хуманитарното здружение „Мајка„ и децата од Куманово се вклучија во одбелжување на Глобалната недела на акција. Во 12 часот на Градскиот плоштад се одржа мирен собир на кој учество седоа деца од сите училишта и граѓаните.

„Со овој протест очекуваме да ги потикнеме родителите кои своите деца не ги пуштаат на училиште или го експлоатираат нивниот труд, преку питачење или работа во поле да ја разберата целта на образованието„ - вели Маргарита Аврамовска потпретседателка во ХЗ „Мајка„.

Учениците од ОУ „Браќа Миладиновци„ учесници во проектот „Големо читање„,  ги прими градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски и одговараше на нивните прашања врзани за образованието на децата. Градоначалникот истовремено написмено се обврза дека во своите можности и ингеренции ќе се залага сите деца во општината да се опфатат во образовниот систем на државата. 

„Моја порака е што повеќе луѓе и деца да се вклучат на утрешниот протест и апелираме сите деца да се вклучат во образованието и да седнат во училишните клупи, бидејќи таму им е местото„- порача осмооделенецот Марко Божиновски.
 
За време на акцијата, во училиштата на првиот час се одржа Големо читање на приказни и се дискутираше за значењето на образованието.Големата книга е создадена преку собирање на необични животни приказни раскажани од повеќе влијателните личности во светот.

Годинава, своите приказни со децата од целиот свет ги споделија Нелсон Мандела, Кралицата Раниа од Јордан, Алис Вокер, Дакота Блу Ричардс и Пауло Коелјо.

Во Македонија, меѓу  поканетите се Коле Ангеловски, Борис Трајанов, Амернис Нокшиќи, Маргарита Цаца Николовска, амбасадорката на Холандија во Македонија, Симоне Филипини и многу други.