Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


ДОНАЦИЈА ОД ФРУКТАЛ МАК А.Д  и  НЕЛТ СТ ДООЕЛ

На ден 10. 06. 2009 година, фирмата НЕЛТ СТ ДООЕЛ, на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и донираше 447 килограми бисквити.

Донацијата беше поделена на 4 организации ( Здружение за самохрани родители - 10 пакета; Шелтер Центар – 5 пакета; Домот 11 Октомври – 15 пакета и Дендо Вас – 25 пакета) и 30 семејства ( семејства чии деца го посетуваат Дневниот центар за деца кои не одат на училиште при Детската амбасада Меѓаши – 30 пакета; деца на семејства од раселени лица – 6 пакета; семејства чии деца се членови на Детската амбасада Меѓаши, а спаѓаат во категоријата семејства што примаат социјална помош – 17 пакета).

 

 

Благодарност до Фруктал Мак А.Д. што ни излегоа во пресрет за Глобалната недела на акција во месец април и ни донираа 270 пар. сокови нектар јаболко и 270 пар. леден чај. Дел од донацијата беше поделена на 70 деца кои учествуваа во маршот кој се одржуваше на плоштад за време на Глобалната недела на акција, како и на децата кои што секој четврток го посетуваат Дневниот центар за деца на улица при Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ( 15-20 деца на возраст од 5 до 14 години).