“Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” – Истражување
Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши оваа година започна со третата година на реализација на проектот “Детсво без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” во соработка со Фондацијата “Ничие Деца” од Полска, финансирано од ОАК Фондацијата.
Во Јуни оваа година Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши спроведе Истражување на тема Преглед на перцепцијата за телесното казнување на децата во Република Македонија и Компаративна анализа со добиените податоци од истото истражување во 2005.
Истото истражување на идентичен начин се сроведе во сите останати 6 земји, учеснички во проектот “Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа”: Бугарија, Латвија, Литванија, Молдавија, Полска и Украина.
Спроведување на истражувањата во сите земји ќе резултира со една сеопфатна компаративна анализа меѓу сите земји, учеснички во проектот.
Погледнете го целото истражувањето.
Преземи PDF 444 KB |
|