Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.35


“Детство без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” – Евалуација на кампањата Види, Слушни, Кажи.

Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши оваа година започна со третата година на реализација на проектот “Детсво без насилство – кон подобар систем на детска заштита во Источна Европа” во соработка со Фондацијата “Ничие Деца” од Полска, финансирано од ОАК Фондацијата.

 

Во Март оваа година Првата Детска Амбасада во Светот – Меѓаши спроведе  Евалуација на кампањата Види, Слушни, Кажи, чија основна порака беше насочена кон охрабрување на луѓето да ги пријавуваат случаевите на детска злоупотреба. Кампањата беше реализирана на ниво на Македонија во перидот од 7 Ноември до 10 Декември. (За повеќе информации за кампањата види Информатор бр.34).

За да се процени влијанието на кампањата Види, Слушни, Кажи, на 202 случајно избрани испитаници им беа поставени следниве прашања:  

Дали ја забележавте кампањата?
Дали сметате дека кампањата беше ефикасна?
Дали сметате дека кампањата беше потребна?
Резултатите покажаа дека кампањата беше добро примена и прифатена од страна на Македонската популација.  Речиси 70% од испитаниците ја забележале кампањата. Повеќето од нив сметаат дека кампањата ја исполнила својата цел (78%) и дека кампањата е потребна за борба против насилството врз децата (95%).

Погледнете го целиот извештај од евалуацијата на кампањата Види, Слушни , Кажи

Ако ви се потребни повеќе информации за проектот Детство без насилство можете да најдете и на веб страните www.childrensembassy.org.mk или http://www.canee.net