Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Втора интернационална конференција Децата и младите - безбедно на интернетВаршава, Полска, 18 - 19 Септември 2008 

Првата детска амбасада во светот Меѓаши, претставувана од Татјана Јаневска, присуствуваше на Втората интернационална конференција „Децата и младите - безбедно на интернет„ која се одржа во Варшава, Полска, на 18 и 19 Септември 2008. 
 
Организатори на конференцијата беа: Фондација Ничии деца, НАСК  Истражувачка компјутерска мрежа,  Кликсеиф - Германија  и Фондација ТП Груп.

На конференцијата присуствуваа 25 партнерски организации кои дадоа придонес со свои учества преку предавања. Меѓу нив презентација имаше и ГО Интернет Хотлајн Провајдер Македонија.

На конференцијата освен граѓанскиот сектор, учествуваа и претставници од училишта и министерства за образование, правни субјекти, владата и индустријата.

Се зборуваше за различните аспекти и теми врзани за децата и младите и нивната безбедност во упoтребата на интернет, мобилни телефони и игри, како и опасностите што се јавуваат со користење на интернетот од типот на педофилија, порнографија, сајбер насилство, илегални содржини и слично. 

         Целта на конференцијата беше да се подигне свеста за новите предизвици и можности во борба со опасностите на интернет, како и тоа да се помогне во делење на најдобрите практики меѓу разните сектори кои се јавуваат како теми за работа на полето безбеден интернет. Предавањата ги вршеа познати интернационални експерти на полето на детската заштита. 

 Татјана Јаневска ни ја даде следната изјава:

Корисноста од оваа конференција за мене е многу голема, особено затоа што го координирам проектот Безбедност и заштита на децата и нивните права на интернет, што го реализираме во партнерство со Фондација Метаморфозис. Имав можност да слушнам најдиректни и најизворни информации за опасностите над децата и младите при користењето на интернетот, од најврвни европски експерти. Експерти од Европската Комисија кои први во Европа и го започнале системот на заштита на децата и младите при употребата на интернетот, а врз основа на пројавените опасности што со себе ги носи рапидниот развој на ИТ технологијата. Оттаму потребата за подигнување на свеста кај децата и младите во врска со употребата на современата технологија од типот на мобилни телефони, видео игри, интернет и сл. 

         За нас, од сега понатаму останува обврската како граѓански сектор, но и како одговорни општества кои се грижат за младата популација, да ги имплементираме знаењата добиени од конференцијата и воспоставиме соработка со сите инволвирани субјекти во земјава и во светот, со заеднички сили и споделени примери од практиката да бидеме во чекор со развојот на технологијата и овозможиме интернетот да стане безбедно место за нашите деца и млади.