Состојбата на семејствата и грижата за децата во Европа, денес EUROCHILD е Mеѓународна мрежа на организации и индивидуи, која делува низ цела Европа во насока на унапредување и подобрување на квалитетот на животот на децата и младите. Работата на мрежата се води од принципите содржани во Конвенцијата за правата на детето на Обединетите нации. Првата детска амбасада во светот Меѓаши е членка во оваа меѓународна мрежа.
Според последните истражувања и анализи на EUROCHILD, состојбата на семејствата и грижата за децата во земјите членки на Европската Унија е следна:
· 66 % од граѓаните немаат деца;
· 50 % од браковите завршуваат со развод;
· 33 % од заедниците во Европа имаат деца;
· 33 % од самохраните заедници живеат во беда и сиромаштија;
· 31% од децата во Европа се родени во вонбрачни заедници;
· 19% од децата се во ризик од сиромаштија;
· 13% од заедниците со деца се самохрани;
· 4 % од родителите имаат најмалку 3 деца
· Жените сакаат да имаат во просек 2,4 деца
· Бројот на деца кој е потребен да се одржи сегашното ниво на популација е 2,1
· Просечниот број на раѓања на деца во Европа е 1,5
Двајцата родители ја делат одговорноста за подигнувањето на децата, и секогаш треба да мислат за тоа што е најдобро за нивните деца. Владите треба да им помагаат на родителите со промовирање сервиси со кои ќе им помагаат, посебно кога и двајцата родители се во работен однос!!!
|