Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Реакција за изречената пресуда 15 години затвор за педофилот Трајче Петковски од Богомила изречена од Основниот суд во Велес за полов напад над ќерка и нејзина другарка, деца со психички пречки во развојот, како и семејно насилство и претепување на неговата сопруга.

Првата детска амбасада во светот- Меѓаши по повод пресудата  донесена на 23.09.2008 година на Трајче Петковски  за  силување на две  12-годишни  девојчиња со пречки во развојот со казна затвор од само 15 години, на 24 Септември 2008 година испративме реакција и  го повторивме нашиот револт и незадоволство за несразмерната казна за стореното свирепо дело изживување и силување на две малолетни деца. Исто така побаравме  на Трајче Петковски да му се одзме вршењето на родителското право согласно Законот за семејство, член 90 и 91 каде е предвидено Центарот за социјални работи кога ќе дознае дека постои опасност од злоупотреба на родителското право или опасност за грубо занемарување на родителските должности, Центрите се должни веднаш да преземат мерки на заштита на детето.

Воедно сметаме дека Јавниот обвинител треба да покрене постапка за преиспитување на оваа одлука на Основниот суд во Велес и да поднесе жалба на оваа судска одлука која гласи казна затвор од 15 години како мала за вакво свирепо и тешко кривично дело. 

Првата детска амбасада во светот- Меѓаши досега повеќепати реагираше и бараше од судиите да ги осудуваат педофилите, силувачите на деца со максимална казна доживотен затвор, се додека државата не обезбеди услови кои ќе потврдуваат дека педофилите нама да го повторуваат делото.
 
Сметаме дека педофилот Трајче Петковски ги исполнува сите услови за доживотен затвор согласно членот 188 од Кривичниот Закон каде се вели: (4)Ако поради делата од ставовите 1 и 2 настапила тешка телесна повреда, смрт или други тешки последици или делото е сторено од страна на повеќе лица или на особено суров или понижувачки начин, сторителот ќе се казни со затвор најмалку десет години или со доживотен затвор.

Исто така, токму по повод овој случај Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше

со барање за доживотен затвор како казнена мерка,  затоа што педофилите кои се во затвор за издржување казна за направено кривично дело злоупотреба на деца, не подлежат на сигурни долготрајни терапии. Адекватно на тоа, не постојат гаранции и мерки дека нема да го повторат делото. Напротив, праксата покажува дека и по издржаната казна, педофилите во најголем број случаи го повторуваат истото. 

Воедно апелираме до родителите, училиштата, граѓанските организации и медиумите да поведат повеќе внимание на превенцијата бидејќи секое дете може да биде потенцијална жртва и може многу лесно да западне во раце на злоставувачи.