Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „ ОДАМ НА СУД„

На 02 Јули 2008 година во Домот на АРМ во Скопје се одржа промоција на книгата ’’Одам на суд’’, изработена во рамките на проектот ’’Детето е сведок кој бара посебна грижа’’ кој го реализираа Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија и Фондацијата Ничии Деца од Полска. 


          Оваа книга е наменета за деца на помала возраст, од 5 до 11 години, со цел да научат кои се нивните права при судските процеси. Во последно време сме сведоци на немили настани на насилство врз деца, кои понатаму треба да сведочат за она што им се случило. Токму поради тоа ја подготвивме оваа книга која е напишана на јазик соодветен на детската возраст, и која ќе помогне како децата сведоци на насилство или пак жртви на насилство, безболно да поминат низ судскиот процес. ’’Одам на суд’’ има за цел да го запознае детето за ситуацијата со која ќе се сретне  во судницата  и да го подготви за учество во судска расправа.  Книгата е препорачана од Министерството за правда на Република Македонија, Здружението на судии на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Автор на книгата е Мариа Келлер Хамела.  Адаптацијата на текстот за Македонија ја подготви судијата Василка Божиновска.

              Книгата ја промовираа г-ѓа Василка Божиновска ( судија за малолетници, при Основен суд Скопје1, Скопје), г-ѓа Маргарита Цаца Николовска (поранешен судија на Европски Суд за човекови права) и г-дин М-р Драги Змијанац (извршен директор и основач на Првата детска амбасада во светот - Меѓаши).