Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Предмет: СоопштениеПрвата детска амбасада во светот Меѓаши предупредува дека со акцијата на Министерството за труд и социјална работа и Министерството за внатрешни работи со привремено сместување на децата на улица во Дневните центри нема да се реши проблемот со злоупотреба на детскиот труд (питачење, подведување, проституција, дрога и други најлоши форми на злоупотреба на детскиот труд....) Дневните центри за деца на улица се со привремен карактер и децата по напуштањето на Центарот повторно се на улица.

 Бараме за решавање на проблемот со децата на улица (кој е повеќедецениски и генерациски) да се обезбедат за овие семеjства поголеми социјални бенифиции: вработување барем на 1 член во семејството, обезбедување покрив над главата (социјални станови), мобилизирање на  директорите на ОУ, градоначалниците, МТСП и МОН за вклучување на сите деца во задолжителниот основно-образовен процес. Бараме и стимулативни програми од страна на МТСП со намера децата на улица да се вклучат од најрана возраст во предучилините установи. Неколку пати до сега од релевантните  фактори во државата побаравме да се зголеми буџетот за образование со отворање на нови паралелки за децата од улица и вработување на наставан кадар. За решавање на проблемот со децата на улица на неколку званични приеми кај државните институции препорачавме за децата на улица да се обезбеди: топол оброк, обувки, облека и бесплатни книги и училишен материјал.

Државата е обврзна да ги евидентира децата од улица во регистерот на извод на матична книга на родените, да им обезбеди бесплатна здравствена заштита и имунизација.

Во рамкитре на глобалната капмања за образование на сите деца имавме обезбедено и  писмени гаранции  дадени во 2007 од претседателот на државата г. Бранко Црвенковски, претседателот на Владата на Република Македонија г. Никола Груевски дека во нивниот мандат ќе се залагаат да се вклучат СИТЕ деца во основните училишта. Впрочем основното образование е загарантирано со Уставот и Конвенцијата за правата на детето.

Во нашиот Дневен центар кој оваа година не е финансиран од МТСП на наша иницијатива решивме да продолжиме со грижа за децата од улица кои се наоѓаат покрај реката Вардар во населбата Аеродром. За нив имаме обезбедено од нас, граѓани од населбата и со помош и на бизнис партнери храна, капење, обувки, облека, едукација, забава и рекреација. Спроведовме и акција за вакцинација. Овие деца заедно со нивните родители собираат секундарни суровини и не одат на училиште. Едноставно мора да работат.

Правото децата на улица да учат е природно право на секое човечко
суштество.Ова важи особено за децата и за нив  е од витално значење како за
сегашноста така и за нивната иднина. Ако државата обезбеди задолжително
бесплатно и квалитетно образование за секое дете ќе може Македонија да го
скрши порочниот круг на неписменост и сиромаштија. Воедно ова е и одговор
како да се справиме со спречување на детската експлоатација и злоупотреба.

Нашиот став е дека детскиот труд се злоупотребува од страна на родителите за оставрување основни материјални егзистенцијални потреби и децата наместо на улица треба да се вклучат во училиште.

Според нашите податоци  дури 2 илјади деца во земјава денот го поминуваат на улица  живеејќи под ведро небо во субстандардни услови, а 18.500 деца се исклучени од основното образование, 30 отсто од нив се без родители и родителска грижа.

Во досегашните истражувања правени низ Македонија, децата кои се на улица се поделени во неколку групи: деца без родители, деца со еден родител, деца на разведени родители, деца во нарушени семејни односи.

Според Заводот за социјални дејности во Скопје 15,5% од децата на улица се од предучилишна возраст, 64% на возраст од 7 до 14 години, 88,5 % манифестираат социјално неприфатливо однесување, а 11, 5 % имаат толерантно социјално однесување. Според овие податоци може да се заклучи дека децата на улица, односно децата кои питачат имаат проблем на кој мора интегративно  да се работи, мора да се зборува генерално за нивниот проблем на живеење – начинот  на живот, а не само да се става акцент на појавата питачење како проблем. Ова не е само „грда слика на градот Скопје‘‘ туку претстаува општетсвено социјален проблем.

Центрите за социјална работа не постапуваат кон заштита на децата од најлошите форми на злоупотреба (подведување и сексуална злоупотреба за оставрување материјална добивка) и не го користат механизмот одземање на родитеско право на родителите кои ги злоупотребуваат своите деца.

Првата детска амбасада во светот Меѓаши уште еднаш потсетува дека Република Македонија пред 6 година ја има ратификувано Конвенцијата за спречување на најлошите форми на злоупотреба на детски труд и државата мора да направи серозни напори да ги земе предвид овие наши барања и препораки.