Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Пан – европско магребска регионална коференција
Во јули 2007 година беше одржана првата Европско магребска конференција за детскиот труд. Тогаш беше одлучено дека на Глобалниот марш (чиј национален координатор за Македонија е Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ) му е потребна ургентна акција и мобилизација во овој регион. Оваа година од 16 до 18 септември беше одржана втората конференција каде што учествуваа 22 организации од 16 земји од регионот на која се дискутираше за стратешките задачи поставени од претходната конференција . Сите претставници се согласија новата Пан – европско магребска регионална организација  на Глобалниот марш да се прогласи за формирана и во себе  да вклучи 51 држава од Меѓународната организација на трудот – Европскиот регион и трите Магребски држави( Алжир, Мароко и Тунис).

Првата детска амбасада во светот – Меѓаши беше претставена од г-ѓа Гордана Пирковска Змијанац, основачка и програм менаџерка, која воедно беше и избрана за член на комитетот на новата Пан – европско магребска регионална организација со седиште во Брисел.

За повеќе информации www.globalmarch.org