Основна обука за недискриминација Од 10 до 12 јуни 2008 година во Скопје се одржа основна обука за недискриминација спроведена од Македонскиот центар за меѓународна соработка ( МЦМС ), со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
На обуката претставници од Амбасадата Меѓаши беа Мери Наумова Давчевска ( асистентка на канцеларија ) и Јасминка Петрова ( волонтерка- правничка )
Во текот на обуката учесниците се стекнаа со знаења и практични вештини од областа на основните човекови права, еднаквите можности и недискриминацијата. Како што не информираа нашите учесници Мери Наумова Давчевска и Јасминка Петрова обуката се состоела од теоретски дел за човековите права, практични вежби и работа во групи. „Во теоретскиот дел особено се посвети внимание на меѓународната регулатива за човековите права
( системот на Обединетите нации, Советот на Европа, ОБСЕ и законодавството на Европската Унија, како и на тековната состојба во Македонија. Се прикажа и филм од кој можеа да се откријат повеќе облици на дискриминација’’- не информираа нашите учеснички.
|
|