Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33

Младински камп за културна размена, почитување и толеранција- Бачки Моноштор, Сомбор, СрбијаВо периодот од 21.07 до 31.07 2008 во Бачки Моноштор, Сомбор по седми пат се одржа младински камп за културна размена, почитување и толеранција. Во него учество земаа над 70 млади на возраст од 18 - 24 години од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Унгарија и Македонија.  Како претставници на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Македонија учествуваа Славица Јосифовска и Ѓурѓица Петрушевска – волонтерки во Детките работилници при Амбасадата Меѓаши. Опкружени со убавините на природата и Дунав младите бираа по две од  шест  задолжителни работилници

(шијатсу-јапонска масажа, музичка работилница, ѕиден весник, драмска работилница, работилница по графички дизајн, радио работилница) а во попладневните часови факултативно можеа да ги посетат и работилниците по самоодбрана, јога, рачна изработка на алки и  дизајнирање од рециклирна хартија. Уживаа десет прекрасни дена исполнети со забава и многу креативност.

Ѓурѓица Петрушевска:  Многу ми се допадна самата атмосфера и окружување. Стекнав многу нови пријателства, имаше млади луѓе од повеќе земји и со нив разменивме искуства за волонтерската работа како и за тоа како живеат младите денес.Научив и многу нови и интересни работи, кои ја збогатија мојата креaтивност. Најмногу од се ми се допадна тоа што после кампот се чуствувам со проширени хоризонти, а душата ми е поотворена.