ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА СОС – ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ ( БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА 0800 1 22 22 )01.06.2008 – 30.09.2008
Бесплатниот СОС телефон за деца и млади ( 0800 1 22 22 ) е прв телефон за деца и млади во земјава кој континуирано функционира веќе 15 години во рамките на Прва детска амбасада во светот Меѓаши.
Во период од 01.06.2008 до 30.09.2008 година на бесплатниот СОС- телефон беа регистрирани вкупно 65 повици од деца и млади како и родители.
Jавувањата на СОС телефонот за деца и млади за јуни, јули, август, септември може да се сместат во следниве категории:
- Злоупотреба и насилство ( 30 % од случаите вклучуваат злоупотреба и насилство). Злоупотребата на децата најчесто се забележуваше во форма на негрижа и занемарување. Физичкото и емоционалното насилство скоро во сите случаи беше присутно.
- Семејни односи ( 60% од случаите вклучуваат на семејни проблеми). Проблемите се однесуваа на семејствата со скинати врски, како брачните разводи, и конфликтните ситуации кои ги придружуваа. Нивните неразрешени брачни проблеми се пренесуваа на децата многу често
- Институционални проблеми (26 % од случаите вклучуваат проблеми со институциите). Забележавме зачестеност на проблеми поврзани со дисфунционалност на институциите одговорни за заштита на децата како Центрите за социјална работа, како и институцијата училиште и воспитно-поправните институции/домовите за деца со посебни потреби.
- Останати категории- финансиска помош ( за лекување/облека), училишни проблеми ( наставник-дете релации), педофилија, односи помеѓу врсници ( агресивност во меѓусебните односи и проблеми во однесувањето и комуникацијата), детска/малолетничка деликвенција, психосоцијално здравје и физичко здравје (особено за деца пасивни или активни жртви на насилство), информации за детските прашања( најчесто за семејно насилство и злоупотреба на деца), деца на улица и деца со ментални попречености и проблеми при социјалната интеграција.
- Правни работи (25 % од случаите вклучуваат потреба од правна помош)-
Во периодот јуни – септември 2008 бесплатната правна служба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше во 20 случаи, каде бараше заштита на детските права. При тоа во 3 случаи беа испратени барања до Центрите за социјална работа низ Македонија, до Народниот правобранител или до соодветната државна институција. Вo 17 случаи беа испратени претставки до Народниот правобранител, а во 5 случаи беше понудена правна помош и правно советување на лица кои се обратиле во Амбасадата Меѓаши.
Покрај барањата и претставките бесплатната правна служба на Амбасадата Меѓаши понуди и правно мислење и изготви правни документи за барателите.
Со Народниот правобранител имаме остварено одлична соработка, редовно добиваме одговори и информации на испратените преставки. Исто така имаме одлична соработка со другите граѓански организации, и ги упатувавме до нив јавувачите во случаи кога сметаме дека тие посоодветно ќе одговорат на конкретниот проблем, како при проблеми со социјалната интеграција на лица со посебни потреби. |
|