Извештај за бесплатна правна служба период јуни – септември 2008 годинаВо периодот јуни – септември 2008 бесплатната правна служба при Првата детска амбасада во светот Меѓаши реагираше во 20 случаи, каде бараше заштита на детските права. При тоа во 3 случаи беа испратени барања до Центрите за социјална работа низ Македонија, до Народниот правобранител или до соодветната државна институција. Вo 17 случаи беа испратени претставки до Народниот правобранител, а во 5 случаи беше понудена правна помош и правно советување на лица кои се обратиле во Амбасадата Меѓаши. Испратените претставки се однесуваа на следниве проблематики:
- Физичко насилство врз деца за време на училишните часови
- Семејно насилство врз деца и родителска/старателска неодговорност при воспитување и чување на деца.
Барања кои ги упативме до релевантните институции:
- Најчести беа претставките упатени до Народниот правобранител
- Две бaрања до МЦСР за старателство и психичко и физичко малтертирање на дете
- Барање до Завод за унапредување на социјални дејности за посвојување на деца
Покрај барањата и претставките бесплатната правна служба на Амбасада Меѓаши понуди и правно мислење и изготви правни документи за барателите.
Со Народниот правобранител имаме одлична соработка, редовно добиваме одговори и информации на испратените преставки.
|