Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.33


Безбедност и заштита на децата и нивните права на интернет – CRISPПроектот Заштита и безбедност на децата и нивните права на интернет (или скратено CRISP) го спроведува Фондација Метаморфозис во партнерство со Првата детска амбасада во светот Меѓаши и со финансиска поддршка од Европската Унија.


Проектот има за цел подигнување на свесноста за постоечките опасности кои ги демнат децата на интернетот доколку не научат правилно да го користат, едукација како да се заштитат, како и создавање ресурси со корисни информации за оваа проблематика наменети на децата, тинејџерите, нивните родители и наставници.

За таа цел направена е веб страница ( www.crisp.org.mk ), која содржи голем број корисни нешта за децата и тинејџерите, нивните родители и наставници. Се наоѓаат совети и насоки за безбедно уживање во благодетите на интернетот, општи информации за интернетот како медиум, можностите што ги нуди, опасностите што со себе ги носи и начините како да се заштитиме од нив.
Содржините на веб-сајтот ( www.crisp.org.mk ), се прилагодени на корисници од различни нивоа (од оние кои што имаат минимално познавање од интернетот, до оние кои се негови редовни корисници) како и на различни возрасни категории (деца од основно училиште, тинејџери и возрасни).

Во периодот јуни - септември 2008 година, проектот Безбедност и заштита на децата и нивните права на интернет - КРИСП, продолжи со работа.

Јуни - период во кој во 28 основни и средни училишта низ републикава се завршуваа и последните едукации за децата, тинејџерите, наставниците и родителите, со кои сите три категории граѓани беа информирани за правата на децата за користење на интернетот, но воедно и за можните опасности кои денес се појавуваат со брзиот развој на ИТ технологијата.

Во овој период едукации примија вкупно 3144 ученици, 411 наставници и  421 родител.

Јули - период во кој се прибираа извештаите за спроведените едукации по училиштата.

Август - период во кој започна евалуација на првите прашалници кои беа доделувани на сите слушатели на едукациите, на самиот почеток од предавањата, а се однесуваа на прибирање општи податоци врз основа на поставени прашања врзани за користењето на интернетот и информираноста на трите целни групи за постоечките опасности при употребата на интернетот, како и прашања за заштита во таквите ситуации.

Септември - спроведување на вторите прашалници врзани за евалуацијата.

Овие прашалници имаат за цел да помогнат при евалуација на проектот во неговата завршна фаза, кога ќе се има можност да се увиди состојбата на знаењата за горенаведените прашања пред самите едукации и после едукациите. За таа цел се подготвија и втори прашалници кои ќе погнат во заокружување на увидот во состојбата за безбедноста на користење на интернетот пред и по спроведувањето на  едукациите.

Периодот јуни - септември изобилуваше исто така и со медиумска покриеност на темата  безбедност и заштита на децата и нивните права на интернет.

Повеќе информации за проектот, како и за натписите и прилозите во медиумите, кои во себе содржат корисни информции како за децата, така и за родителите и наставниците, можете да најдете на веб страната Безбедно на интернет www.bezbednonainternet.org.mk или www.crisp.org.mk