Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32


 МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ГИ ЗАТВОРИ ВРАТИТЕ НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА НА УЛИЦА!!!

Комисијата за соработка со здруженија на граѓани при Министерството за труд и социјална политика на 01. 04. 2008 година донесе одлука со која оваа година Првата детска амбасада во светот Меѓаши не доби средства од Министерството за труд и социјала политика наменети за Дневниот центар за деца на улица во висина од 80. 000 денари.Според одлуката на Комисијата тие средства оваа година ќе бидат наменети за Дневниот центар при Здружението за заштита на правата на детето од Скопје. 


Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Република Македонија го обжали ова решение поради недоволна претходна проценка на капацитетите на организациите, при што Комисијата за решавање во управна постапка во втор степен од областа на трудот, социјалната политика и здравство на Владата на Република Македонија,  ја отфрли жалбата како неоснована, по основ на ова поднесена е тужба  до Управниот суд.

И покрај тоа што оваа година не добивме средства од Министерството за труд и социјална политика за оваа намена, Амбасадата  Меѓаши продолжува со заштита и грижа за оваа маргинализирана група на деца, деца на улица, кои поради несоодветни услови на живот се надвор од училишните клупи и од целокупното општествено и социјално живеење. Грижата за децата од улица во нашиот  Дневен  центар се состои во згрижување на тие деца - барем  на неколку саати да бидат вон улиците и да добијат хигиенска помош,( бањање, вакцинирање), оброк, како и соодветна педагошко- психолошка поддршка и едукација за основните човекови вредности.

Изразуваме голема благодарност до пекарата Росана која обезбедува оброк за децата на улица  при нашиот центар. Истотатка изразуваме голема благодарност и до волонтерите кои ја поддржуваат работата на нашиот Дневен центар- Ѓурѓица Петрушевска, Јасминка Петрова, Деспина Петрева.

За Дневниот Центар за деца на улица изработен е предлог проект, за кој се бараат финансиери.

ИМ ИЗРАЗУВАМЕ ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО СИТЕ ОНИЕ КОИ ПРОЈАВИЛЕ ИЛИ ЌЕ ПРОЈАВАТ ИНТЕРЕС ВО ДАВАЊЕТО  ПОДДРШКА НА ДНЕВНИОТ ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА НА УЛИЦА!!!

ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ОВИЕ ДЕЦА!!! КОИ НЕ СЕ ТОЛКУ ДАЛЕКУ ОД НАС!!

Доколку сакате да ја поддржите работата на Дневниот центар за деца на улица донирајте средства на уплатниците кои можете  да ги најдете во нашите касички за донации и на телефоните 070/ 14 34 24 и 075/ 14 34 24.