Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.32


КАЈ ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЕРВАН ФУЕРЕ

Поддршка на овогодинешната кампања даде и Евроамбасадорот во Република Македонија Г-динт Ерван Фуере, кој ја изрази неговата постојана подготвеност за поддршка на активности за правата на децата.


На ден 24.04.2008 година група од 8 деца членови на Детската Амбасада Меѓаши и ученици  О.У. “26 Јули“. Од таа посета е изготвен следниов извештај за впечатоците од средбата:

1.                  Кога го прашавме какво му било детството, тој одговори дека имало  многу интересни моменти. Сепак истакна дека имал прилично тешко детство.

2.       На прашањето дали може да опише во какви услови живеел       

тој одговори дека имал невообичаени услови за живот. Накратко ни долови слика, ни кажа дека секое утро морал да стане пред неговите браќа и сестри за да наполни свежа вода од езерото кое било до неговата куќа. Исто така ни кажа дека во нивната куќа немало бања и кога требале да се бањаат имале ископано дупка блиску до огништето и така ја загревале водата. Ни даде една многу интересна информација.Во нивната куќа во средната на собата имале огниште на кое спремале јадење во лимени садови и дека јадењето требало да се  зготви уште  во раните утрински часови за да биде готово кога тој и неговите сестри  ќе се вратат од училиште.

3.        Имавте ли проблеми при вашиот образовен процес и     доколку ги имавте од која природа беа истите?

 

          -Тој одговори дека имал проблеми со математиката, исто така  призна дека математиката не му е добра страна и дека не може да каже дека ја сакал како предмет. Цитат од неговиот татко: ”Ти дете никогаш нема да станеш економист и никогаш нема да станеш успешен бизнисмен”.

4.        Како вие би помогнале на децата кои не можат да се запишат во училиште?

-Ерван за ова прашање не можеше да одговори со сигурна точност. Тој кажа дека ова е сериозен проблем во нашата држава и дека владата и надлежните институции треба да се погрижат за ова.                      
 
Извештајт го подготви:

Кристијан Ангелески (14 години)

Член Прва детска амбасада во светот

Меѓаши