Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Воведена институцијата- Претставник на Генералниот секретар на ОН за борба против насилството врз децатаПрвата детска амбасада во светот – Меѓаши информира дека Генералното Собрание на ООН во вторникот на 22.11.2007 година, донесе одлука да ја воведе институцијата Претставник на Генералниот секретар на ОН за борба против насилството врз децата чија задача е да укажува на сите облици на насилство врз децата и да бара нивно отстранување. Претставникот исто така ќе го поттикнува ширењето на моделите на добри практики и примери, ќе ја помага координацијата и комуникацијата помеѓу организациите на ОН, државите, невладините организации и децата.

 

Одлуката за воспоставување Глобален застапник за заштита на децата од насилство ја изгласаа 176 земји – членки на ОН. Ниту една земја – членка не беше воздржана, додека само САД беа против.

Статистиките покажуваат дека, ширум светот, секоја година 150 милиони девојчиња и 73 милиони момчиња се жртви на сексуално злоставување, дека 126 милиони деца работат на опасни работни места, додека околу два милиона се веќе изложени на проституција.

Повеќе од 1 000 невладини организации од 134 земји, меѓу кои и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши, ја потпишавме петицијата со која баравме воспоставување на Претставник на Генареланиот секретар на ОН за борба против насилството врз децата.