Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31


Учество на Саеми и БазариIWA Базарот (01.12.2007 год.) 

На првиот базар IWA Базар кој што траеше еден ден беа продавани честитки со мотиви од цртежи на децата членови на Детските работилници, календарчиња- на кои беа испечатени четирите мотиви од кампањата која беше спроведена минатата година “Дали денес го гушнавте вашето дете?” и рачно изработени предмети (свеќници, обетки, магнет букви, рамки, гипсени срца за на ѕид). Детската амбасада Меѓаши доби бесплатен штанд за изложување на предметите.

На овој саем беа собрани 7.710,00 денари.

Nova Family Bazaar (02.12.2007 год.)
 
На вториот базар Nova Family Bazaar кој што траеше исто така еден ден и се продаваа истите производи како и на IWA Базарот. На овој саем беа собрани 3.830,00 ден.

Новогодишен саем (14.12.2007-29.12.2007 год.)

На третиот саем-Скопски саем кој траеше 15 дена беа изложени истите предмети како и на претходните два саеми. Штандот што го имавме обезбедено на Скопскиот саем ни беше донација од самиот саем. На овој саем беа собрани 8.385,00 ден.

Сите пари што беа собрани од саемите наменети се за работата на бесплатниот СОС телефон за деца и млади 0800 1 2222, Дневниот центар за деца на улица како и Детските работилници.