Тренинг за професионалци-судии кои интервjуираат деца сведоци
Во периодот 8-10 февруари 2008 година во Охрид, Првата детска амбасада во светот-Меѓаши организираше тренинг на тема “Злоупотреба на деца –специфики на интервју, препознавање и пристап во судската пракса ”. Учесници на тренингот беа 14 професионалци –судии кои интервјуираат деца сведоци, а тренингот го спроведоа тренерите Антони Новотни и Димитар Боневски-Психијатари. Целта на тренингот беше учесниците да се стекнат со знаења за новите техники, методи и пристапи во интервјуирањето деца сведоци, а воедно и да разменат искуства од својата пракса и да ги разјаснат дилемите. Од овој тренинг произлегоа многу препораки и забелешки за постојната законска регулатива во однос на интервјуирањето деца сведоци. Сите тие препораки, потпишани од учесниците на тренингот, ќе бидат испратени до Министерството за правда со барање за промени во регулативата.
|