Почетна » Информатори и публикации » Информатори » Информатор бр.31

Средба на Извршниот директор на Детската амбасада-Меѓаши, М-р Драги Змијанац со Министерот за одбрана, Лазар ЕленовскиНа 26 ноември Извршниот директор на Детската амбасада, М-р Драги Змијанац и Мирјана Шокаревска, Претседателка на Здружението за самохрани родители, имаа средба со Министерот за одбрана, Лазар Еленовски. Причина за средбата беше барањето испратено од Министерството за одбрана до Детската амабсада –Меѓаши и Здружението за самохрани родители за раскинување на договорот за користење на просториите во кои се сместени двете организации. 
 
На средбата Министерот за одбрана вети дека:
 
-Ќе го деблокира процесот во однос на барањето за раскинување на договорот и
 
-Ќе побара од Владата на Република Македонија во јуни 2008 година продолжување на договорот на 5 години.

Покрај тоа Министерот Еленовски изрази разбирање за работата на Детската амбасада посебно затоа што Министерството за одбрана и Министерството за труд и социјална политика претходно помогнаа за внатрешно раселените лица згрижени во Прифатилиштето во Детската амбасада, а сега за децата на улица кои се згрижуваат во Дневниот центар. Исто така најави дека ќе ги посети двете граѓански организации.

Пред средбата со Министерот, за ситуацијата беше известен граѓанскиот сектор и пошироката јавност при што беше добиена поддршка од:

Куќата за човекови права на Република Македонија (Македонскиот центар за женски права – Шелтер центар, Полио плус, АДИ и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ)
АДИ,  Гостивар
ЦИРа
ЦГИ, Прилеп
Мост
ФИООМ
НСЖМ, СОЖМ
МЦМС
НВО инфо центар
Македонска асоцијација за слободна сексуална асоцијација – МАССО
Рубикон
Специјална Олимпијада
Центар за истражување и креирање политики
Центар за ненасилна акција Београд – Сараево
Новинари за правата на жените и децата и заштита на животната средина
Здружение на даночните работници на Македонија
Форум мировен цивилен сервис – Подружница во Македонија, Скопје
Организација на жените на општина Свети Николе
Мировна Акција – Прилеп
Е.Д. “ Вила Зора“, Велес
Отворете ги прозорците
РЕЦ Сончогледи
Македонски центар за граѓанско образование МЦГО
Х.О. Мир, Скопје
Силва Пешиќ
Ѓунер Исмаил
Мирјана Најческа
Алберт Хани
Бранко Попчески
Кристина Колозова
Калин Бабушку
Еуридика Сашкова
Љубомир Горданов
Александар Гумберовски
Дарко Булдиоски
Билјана Вансковска
Фросина Пандурска
Максим Ацевски
Срѓан Амет
Филип Видовиќ, Генел Лтд.
 
Во името на работниот тим на Детската амбасада им се заблагодаруваме на сите за разбирањето и поддршката.