Доделено високо признание на основачот и Извршен Директор на првата Детската амбасада во светот Меѓаши, М-р Драги Змијанац-“Ангел на годината 2008”
По деветти пат, на 28 јануари 2008 година во Театарот „Dal Verme” во Милано, се оддржа манифестацијата “Ангелот на годината” во организација на Црвениот крст Италија-Регионален Комитет на Ломбардија и Етичкиот центар “Монета за мир”. На Извршниот Директор и основач на Детската амбасада Меѓаши, М-р Драги Змијанац, му беше доделена наградата “Ангелот на годината” за неговото долгогодишно интензивна активност во поддршката на децата и спроведувањето меѓународни проекти. Наградата се доделува на признати луѓе од општествениот живот особено во Италија – познати уметници, политичари, индустријалци, банкари. Плакетата која е доделена е изработена во бронза на која се изравирани букви од сребро. За повеќе информации посетете ја страната:
http://www.circuitoetico.eu/index.php?option=com_content&task=view&id=679&Itemid=104
http://www.circuitoetico.eu/index.php?option=com_content&task=view&id=608&Itemid=90
http://www.angelodellanno.it/
http://www.facebook.com/group.php?gid=38037621835
http://www.osservatoriocards.eu/index.php?option=com_content&task=view&id=612&Itemid=295
Покана за овој настан Детската амбасада доби за време на посетата од страна на H.E. Antonio Diletto Амбасадор на ПДАС Меѓаши во Италија и Швајцарија, Г-дин Mauricio Pinpinella- претставник на Италијанскиот Црвен Крст и новинарот Бруно Лаконти од Италија. H.E. Diletto донираше на Детската амбасада 3.500,00 евра кои беа наменети за потребите на СОС телефонот за деца и млади, бесплатната правна служба и Дневниот центар за деца на улица. Во рамките на својот престој, 16-18 декември, претставникот од Црвениот Крст го посети Дневниот центар за деца на улица, но и домовите на децата и условите во кои живеат. Види повеќе тука
|