Соработка на Меѓаши и Генел продолжува- за секој купен Канон производ, 1 Евро за активностите на Меѓаши Трговското друштво за производство, услуги и промет “ГЕНЕЛ Филип”ДОЕЛ Скопје и Првата детска амбасада во светот – Меѓаши во јули потпишаа договор за донација од јавен интерес. Оваа компанија почнувајќи од септември 2007 година донира средства за работата на СОС телефонот за деца и млади и бесплатни правни совети во висина од 1 ЕВРО во денарска противредност од секој купен производ на КАНОН од страна на ГЕНЕЛ Филип дооел.
Со вклучувањето во оваа акција, Генел директно ги поддржува активностите на Детската амбасада, но исто така и понатаму го потврдува својот имиџ како социјална одговорна компанија.
Во текот на месец ноември Генел продаде 175 прозводи, а во декември 190 производи опфатени со акцијата за донација и согласно договорот собра средства во износ од 365 евра, кои ќе се искористат за договорената намена.
Голема благодарност до компанијата Генел
|